2 милиони евра достапни за енергетски ефикасни домови преку ЕБРД



Ќе се вложува во еколошки технологии за приватни станбени згради и домови преку кредитна линија на Шпаркасе банка

Два милиони евра обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за инвестиции во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за згради во приватна сопственост и објекти за домување во земјава.

Средствата ќе бидат достапни преку Шпаркасе банка, а наменети се за физички лица кои планираат да инвестираат во технологии, материјали и решенија за подобрување на енергетската ефикасност.

Финансирањето на ЕБОР е преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF).

– Зградите во Северна Македонија имаат итна потреба од реновирање и поставување изолација, со што се очекува да се намалат трошоците и да се подобри удобноста на живеење. Ова е трета кредитна линија преку GEFF за Шпаркасе Банка Македонија, со која се задоволува растечката побарувачка за овој финансиски продукт, стои во соопштението од ЕБОР.

Како што се додава дополнително на ова, ЕБОР одобри три милиони евра од кредитната линија за хипотекарни кредити на Шпаркасе банка Македонија, за натамошно приватно кредитирање на потребите на домаќинствата. Ова е вториот хипотекарен кредит на ЕБОР кон оваа банка. Првиот беше потпишан во 2017 година и е целосно пласиран на пазарот во земјата. Финансирањето на хипотеките, во комбинација со кредитот за подобрување на заштедите на енергија кај домаќинствата, според БОР, ќе помогне во проширување на кредитирањето во резиденцијалниот сектор.

GEFF во Северна Македонија е дел од Програмата за Западен Балкан (Green Economy Financing Facility – GEFF) во износ од 85 милиони евра, одобрена во 2017 година, како заедничка иницијатива на Европската Унија (ЕУ), Австриското Федерално Министерство за финансии и земјите кориснички на средствата од Инвестициска програма за поддршка на Западен Балкан ( Western Balkans Investment Framework – WBIF).

Иницијативата работи под покровителство на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (Regional Energy Efficiency Programme for the Western Balkans – REEP Plus), финансирана од ЕУ, и имплементирана во партнерство со Европскиот Секретаријат за енергетика. Со оваа програма се обезбедува поддршка на политиките за хармонизација на законодавството и регулативите на енергетската ефикасност кај зградите на домување во земјата, со релевантните европски директиви.

ЕБОР досега има инвестирано над 2 милијарди евра во 129 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија, како што наведуваат во соопштението, е приоритет за ЕБОР, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close