Екологистите ја поздравија новата стратегија за енергетика



Новата стратегија за развој на енергетиката во земјава за прв пат предвидува напуштање на јагленот како енергенс и транзиција кон обновливи извори на енергија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“.

„Сакаме да ја поздравиме ваквата одлука на Владата која според нас значи движење кон нискојаглероден развој на земјата и ублажување на климатските промени“, велат од „Екосвест“.

Од таму нагласувааат дека стратегијата во две од три можни сценарија предвидува затворање на сите термоелекрани на јаглен во земјата и транзиција кон обновливи извори на енергија. Планирани се вкупно 120MW соларни капацитети на локацијата на поранешниот рудник за лигнит во Осломеј каде ќе се пренасочат и дел од вработените од термоелектраната.

„Владата презеде храбар чекор со тоа што дозволи граѓанските организации да бидат вклучени во раните фази на подготовката на стратегијата. Ова резултираше со стратегија со јасен патоказ кон напуштање на јагленот, што воедно носи големи можности за инвестиции во обновливи извори на енергија, но и одговорност за националните и за локалните власти. Во моментов е искучително важно да се работи со локалните заедници со цел да се испланира сеопфатна праведна транзиција на регионите зависни од јаглен во Осломеј и Битола, и да се обезбеди дека никој нема да биде оштетен“, вели Невена Смилевска, програмски координатор за клима и енергија во Еко-свест.

Напуштањето на јагленот како енергенс значи и исполнување на обврските превземени од меѓународни сојузи и договори, меѓутоа уште позначајно значи заштита на здравјето на граѓаните, особено во регионите со јаглен.

„Термоелектраните на јаглен сериозно го нарушуваат здравјето на граѓаните од регионите каде се присутни, меѓутоа и во целата земја па и преку границите на нашата земја. Се надеваме дека одлуката за напуштање на јагленот како енергенс ќе се зацврсти дополнително и со забрана за загревање на домаќинствата со јаглен.“- вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Стратешко планирање на нискојаглероден развој претставува значителен придонес кон ублажување на климатските промени и заштита на домовите и храната на граѓаните, но мора да се размислува за напуштање на сите фосилни горива и одржливо преминување кон обновливи извори на енергија.

„Напуштањето на јагленот е чекор напред, но во планирањето мораме да бидеме внимателни со оформувањето на енергетскиот микс на земјата, вклучително и процесот на гасификација кој може значително да ги зголеми штетните емисии. Заштита на климата и на екосистемите значи дека и обновливата енергија мора да биде одржлива, а ова подразбира внимателен однос кон планирањето на хидроенергетските проекти поради нивното потенцијално негативно влијание врз животната средина“, вели Давор Пехчевски, координатор за кампањи против штетноста на фосилните горива во CEE Bankwatch Network.

Извор: Независен весник  https://bit.ly/3a4gDDh 





{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close