Митевска: Здравјето на децата и заштита на природата силен мотив да преземеме климатска акција



Климата се менува, зошто не и ти? Погледнето го примерот на Слободанка Митевска и нејзиното семејство за преземање климатска акција која е градена низ годините со многу труд и посветеност, ако сакате но, не сте знаеле што може да преземете за да ги намалите ефектите врз природата и климатските промени, може да ги примените мерките на Слободанка

Слободанка Митевска и нејзиното семејство се светол пример на домаќинство кое се приклучи во кампањата за преземање на #КлиматскаАкција. Со многу труд, посветеност, дури и без да користат субвенции го реорганизираа својот дом кој го грееле на дрва, имале високи месечни сметки и возеле старо дизел возило кое многу загадува. Митевска, слободно можеме да ја наречеме климатски херој од соседството. Таа го сподели  примерот на сопственото домаќинство и се вклучи во кампањата „Климата се менува, зошто не и ти?“, покажувајќи како може секое домаќинство со мали промени да даде свој придонес кон намалување на штетните ефекти врз животната средина и климата. Слободанка како жена од акција водена од желбата да обезбеди подобри услови и поздрава животна средина за своето семејство покажува дека е возможно и со скромен буџет, подигнување кредит и поддршка од најблиските да се вложи во одржлива иднина. Со тоа упатува јасна порака дека мерките како поставување на сончев колектор, користење на поеколошки транспорт, изолирање на домот и подобрување на енергетската ефикасност се мерки кои би можело да го примени секое домакинство а резултатите би биле бенефит за сите .

Разговараше: Христијан Станоевиќ

КлиматскиПромениМК: Што ве мотивираше да преземете конкретни чекори за климатска акција во вашиот дом?

Митевска: Неколку работи, но најмногу здравјето на моите деца. Живеевме во неизолирана куќа, се греевме на дрва, зимно време бевме стиснати во една соба која ја греевме. Остатокот од куќата беше мраз, вклучувајќи го тоалетот и спалните соби. Со сопругот работиме на смени, и често се случуваше огнот да згасне. Децата мораа рано да научат како се пали оган. Печката на дрва ја гледав како најголем непријател...секој пат која ќе ја отворевме вратата да ставиме дрва замислував како чадот што излегува полека ги труе моите деца.

Свесна бев дека многу енергија залудно се троши, но и дека таа енергија го загадува воздухот и внатре и надвор. Без разлика дали ќе пружам алишта внатре или надвор, мирисаа на чад. Живеам во населба во Скопје каде нема централно греење, каде сите околу мене најчесто се греат на дрва.


КлиматскиПромениМК: Колку време ви беше потребно за да ги реализирате сите замисли за намалување на потрошувачката на енергија, дали сега веќе се видливи заштедите?

Митевска: Па, почнавме пред 5 години. Бидејќи немаме многу средства, се решивме да почнеме полека. Земавме еден кредит по друг, ни помогнаа роднини/пријатели и горда сум што успеавме целосно да промениме сè. Најпрво ја изолиравме куќата, па ставивме нови прозорци, потоа ставивме радијатори, па купивме печка на пелети која ја поврзавме на нив и минатото лето инсталиравме сончев колектор на кровот. Како што работевме полека и режиските трошоци полека паднаа, па сега се значително помали, дури за 2/3  во споредба со оние од пред 5 години.

КлиматскиПромениМК: На кој начин се информирате за климатските промени како и за можните мерки кои може да ги преземете како индивидуа и домаќинство и колку оваа тема ви е важна?

Митевска: Најмногу преку социјалните медиуми, но и од пријатели. Пријателите ни помогнаа со конкретни совети и со изнаоѓање на најевтини материјали за работа. Мислам дека нивните лични искуства најмногу ни помогнаа со малку пари и без никакви субвенции да успееме да направиме се.

Од друга страна, сите оние вести за загадениот воздух и климатските промени кои се шират на социјалните медиуми, не освестија и не натераа да ја смениме и колата. Колку повеќе знаеш, толку повеќе стануваш свесен колку со своите секојдневни активности емитуваш штетни гасови кои влијаат не само локално туку глобално. Веќе не возиме дизел автомобил, туку возило на бензин на кое му инсталиравме и плин. Возилото, по совет на пријатели, не го купивме од плац во Германија како што прво планиравме, туку по огласи најдовме возило од наш човек, кој е прв сопственик. Ја плативме истата сума која ја планиравме.

КлиматскиПромениМК: Што би им порачале на сите домаќинства кои мерки да ги преземат со цел да ги спречат последиците од климатските промени?

Митевска: Информирајте се, станете свесни за сите ефекти од своите секојдневни активности, и позитивни и негативни. За промена се потребни пари, но ние Македонците сме многу инвентивни кога станува збор за тоа. Секогаш ќе најдеме кој да ни помогне, пријател на пријател што може да ни даде попуст или можност да платиме на рати. Не треба да чекаме некој друг да ни ги реши проблемите.

Потребно е мака и труд, но се сè може ако се сака. Знаењето и волјата за промена се најважни.

Многу ми се допадна слоганот на вашата кампања КОЈ АКО НЕ НИЕ? КОГА АКО НЕ СЕГА? Тој најмногу ме мотивираше да ја напишам мојата климатска акција на klimatskipromeni.mk .

А најголема сатисфакција ми е што направивме бура од промени во моето соседство. Луѓето кога ќе видат позитивен пример, сакаат да го следат.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close