Рециклирај отпадно масло и донирај !

Рециклирај отпадно масло и донирај !



Борбата против климатските промени претставува глобален проблем, но секој од нас може да придонесе со локални акции. Доколку пред 25 години причината беше непознавањето на начинот на кој може да ги ублажат климатските промени, денес немаме изговор. Отпадното масло за јадење што се создава при приготвување на храна добива својство на отпад кој претставува сериозен загадувач на медиумите на животната средина. Поради несоодветното отстранување на овој вид отпад, тој претставува најчест причинител за контаминација на поршинските и подземните води, како и почвата. Иако е биоразградливо, eден литар отпадно масло за јадење може да загади до еден милион литри вода, додека 40% од проблемите со затнување на канализационите одводи се предизвикани од стврднување и таложење на непрописно отстранетите отпадни масла и масти. Истовремено, тоа е вредна суровина. Рециклираното масло за јадење може да се користи во производството на биодизел, а со тоа да се намали потрошувачката на фосилни горива во транспортниот сектор и да се ограничат емисиите на стакленички гасови. Еден литар биогориво ја намалува емисијата на 3 kg СО2, што претставува намалување од 92% во oднос на употребата на дизел гориво.

За позитивните аспекти од рециклирањето на отпадно масло дознав на настанот во ЕУ Инфо Центар под наслов “Дали го селектираме отпадот во нашите домови?”, како дел од „Европската недела за намалување на отпадот”. Мотивирана од еколошките бенефити, земав сад за дома и веднаш започнав да го собирам отпадното масло од готвење. За полнењето на сад од 3 литри ми беше потребно многу време, па затоа решив мојот пример да го споделам со колегите и заеднички да го собираме отпадно масло. На почетокот бевме тројца и за 4-6 месеци успеавме да го собереме првиот сад и да го предадеме на компанија овластена за собирање, складирање, преработка и третман на отпадни масла и масти за јадење и од него произведува биодизел. При подигање на отпадните масла за јадење, ни доставуваат нова и чиста амбалажа за континуирано и хигиенско собирање на отпадот. Оваа климатска акција има и хуман карактер бидејќи за секои 3 литра отпадно масло се донира 0.5 литри масло за јадење на Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства Љубезност.

Дополнително направив неколку едукативни акции за да и останатите колеги од ГИМ и ИЕГЕ се запознаат со штетите од отпадното масло доколку не се одлага на правилен начин, како и начинот на кој сите заедно можеме да придонесеме кон ублажување нa климатските промени и подобрување на состојбата на медиумите во животната средина. Досегашните резултатите и позитивниот фидбек кој го добив, укажува дека едукацијата и ваквите еко акции влијаат на подигање на еколошката свест и постепено почнува да се менуваат навиките, а за сметка на тоа бенефит има животната средина. Секој од нас може да придонесе да биде промената што сака да ја види!

Мартина Блинкова Дончевска

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close