Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо сподели на Инстаграм извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје, илустриран со фотографија од Скопје. Фотографијата со мајка и дете како се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад е дело на Роберт Атанасовски за АФП/Гети.
Според извештајот што го сподели Дикаприо, температурите во пораст предизвикуваат екстремни временски настани кои можат да влијаат за пораст на срцеви болести и смртни случаи, како и зголемена закана од нови заразни болести. Извештајот е изготвен од научници на универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор, САД.
Климатските промени, се вели во извештајот, посебно ќе влијаат на децата, повозрасните, луѓето со хронични болести и луѓето од ранливите категории.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}