Училиште за одржлив развој

Училиште за одржлив развој



Како континуирана заложба на Здружението на граѓани- Еко Логик во поглед на подигнување на свеста за значењето на целите на одржлив развој, како и потврдување на улогата која младите може да ја имаат во остварување на позитивни промени во општетството, во 2018 година, произлезе и потребата од организирање на кампови за одржливост и зародиш на „Училиштето за одржлив развој“.

„Училиште за одржлив развој“ всушност означува неформално изучување и разбирање на целите за одржлив развој (поставени од Обединетите Нации за 2030 година) преку низа активности, интерактивни алатки, едукативни игри (подготвени од Здружението на граѓани- Еко Логик) и модули во рамки на реализирање на кампови во различни плански региони во државата.

Главна цел е да ги едуцира учениците од средните училишта во Република Македонија во оваа област, но исто така и да ги мотивира, односно активира да дејствуваат во решавање на различни еко-проблеми во нивното место на живеење, а со тоа да придонесе кон :

- Зголемување на еко- младинскиот активизам во областа на заштитата на животната средина;

- Надградување на теоретското, но и практичното знаење во областа на екологијата како наука;

- Промовирање на практична имплементација на принципот на Одржлив Развој;

- Нудење на можности за инволвирање, ангажирање на сите млади средношколци во различни еко-проекти, еко-кампањи со цел промовирање и унапредување на заштитата на животната средина итн.

Во рамки на секој организиран „Камп за Одржливост“  главниот фокус е ставен на обработување на одделна тема која е поврзана со заштитата на животната средина, како на пример: ублажување на климатските промени, справувањето со огромниот отпад во одделни градови итн.

Преку  ‘’Училиштето за Одржлив Развој’’ средношколците имаат можност подобро да се запознаат не само со Целите за Одржлив Развој, меѓутоа и со актуелните локални проблеми поврзани со секоја одделна цел, а со самото тоа, да стекнат подобри вештини во нивно надминување и да станат промотори за поздрава и почиста околина.


Реализирани активности во рамки на „Училиште за одржлив развој“

Камп за одржливост- Епизода 1/одржливи градови и заедници

Во организација на Здружението на граѓани Еко Логик, а поддржано од Град Скопје и фондацијата Фридрих Еберт, од 18 до 21 октомври во Охрид, се одржa "Камп за одржливост" каде беа презентирани целите за одржлив развој на Обединетите Нации преку интерактивни методи за учење како разни друштвени игри, работа во групи и останати забавни активности.

Во кампот беа вклучени 26 ученици од прва, втора, трета и четврта година од вкупно 12 средни училишта на територија на Град Скопје. Активностите на кампот беа реализирани преку разни индивидуални и групни активности, дебати, работилници и игри, а секако имаше и забавен дел за дружење на учесниците.

Резултат на реализираниот кампот беше произлезени решенија за создавање на одржливи училишта, населба и градови.

Камп за одржливост- Епизода 2/ изучување на цели за одржлив развој

На кампот имаше учесници од Валандово, Куманово, М.Каменица, Прилеп, Скопје, Кочани. Тие имаа можност да бидат дел од различни активности како дел од програмата на кампот. Како на пример: icebreak активности, избор на специфичен проблем поврзан со 17те цели на ОН, посета на едукативен центар Негрево, реализација на SDG квиз, активност или предизвик поврзан со 17те цели на ОН, едукативна игра Еко Не Лути се човече итн. Преку овие активности се овозможи: подобрување на знаењето на средношколците за одржливите цели на Обединетите Нации, групирањето во тимови да работат на одредено прашање од различна еколошка природа го стимулираше нивното иновативно и креативно размислување.

Kaмп за одржливост- Епизода 3 /Аерозагадување и отпад

Кампот за одржливост беше реализиран во ноември, Охрид, каде присутни беа 24 учесници од 12 средни училишта од Град Скопје. На учесниците им беше овозможено да се запознаат со целите за одржлив развој,  да ги разгледуваат предложените предизвици и проблеми согласно добиените апликации, да работат во групи и да истражуваат на тема отпад и аерозагадување. Исто така, учениците дефинират проблем на локално ниво преку користење на алатка за одржлив развој која е креирана од Еко Логик. Преку алатката учесниците утврдуваа бенефиции, корисници, предизвици, засегнати страни, исходи и на крајот споделуваа можни решенија. Исходот кој произлезе е следниот:  унапредување на знаењето на средношколците за аерозагадувањето и отпад, поттикнување на нивната вклученост во давањето на предлози и идеи за создавање на иновативни решенија и продукти.

-Предлог продукти произлезени од учесниците како резултат од кампот со следните наслови се: Еко Пласт, Депо на Македонија, Робохоп и онлајн апликација Собери ме.мк

Начин на избор на учесници кои се дел од реализираните активности (кампови за одржливост)

Начинот на селекција на учесници кои ќе бидат дел од организираните кампови е преку отварање на јавен повик за учество. Истиот се објавува на социјалните мрежи (фб страни) на Еко Логик и Училиште за одржлив развој, како и се проследува официјално до самите училишта. На учениците им се поставува задача да споделат идеја за начинот на решавање на проблемот поврзан со темата која се опфаќа на кампот, поткрепена со фотографија од околината која ги опкружува. 

На повикот пристигнуваат различни типови на апликации, односно идеи- опфатени истражувања за зададената тема; инспиративни текстови, односно есеи; иновативни идеи за соочување со локалните предизвици итн.

Исто така, се испраќаат тип на фотографии- фотографии од опкружувањето; цртежи; обработени фотографии oд интернет итн.

Согласно, воспоставените критериуми- идеја и фотографија кои означуваат оригиналност, критичко размислување и мотивација за справување со локалните проблеми и предизвици, се избираат учесници.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк:

https://www.facebook.com/%D0%A3%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%9E%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%BB%D0%B8%D0%B2-%D0%A0%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-382991735674056/

Здружение на граѓани Еко Логик

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close