Ние живееме во Охрид каде чистиот воздух е едно од најголемите богатства кое го имаме на располагање. Увидовме дека од употребата на огревното дрво за греење, воздухот во зима станува позагаден, што е некарактеристично за овој град. Заради тоа, одлучивме да направиме промена која ќе придонесе кон зачувувањето на животната средина и чистиот амбиентален воздух. Купивме печка на пелети со што сме многу задоволни во делот на греењето, а уште позадоволни бидејќи знаеме дека сега не ја загауваме животната средина.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}