Решив комплетно да исфрлам месо од мојата исхрана откако прочитав дека површината која се користи за одгледување на животни е 2 пати поголема од Јужна Америка. Уништувањето на шумите за да се одгледува добиток заедно со емисиите на метан од употребата на ѓубрива создава исто толку емисии на стакленички гасови како и сите автомобили, камиони и авиони во светот.Практиките за одгледување месо ризикуваат масовно истребување на други животни, како и значително загадување на потоците, реките и на крајот на океанот. Притоа за да се произведе еднo говедско месо е потребно 1.799 литри вода, едно парче свинско месо 576 литри вода. Како споредба, за производство на соја е потребно 216 литри вода, додека за пченка 108 литри. Големата потрошувачка на вода за производство на говедско,свинско и друго месо упатува и на голема употреба на природните ресурси на вода. Па дечки што чекате, барем ова е една поздрава акција што секој од Вас може да ја направи! https://www.theguardian.com/environment/2018/dec/21/lifestyle-change-eat-less-meat-climate-change
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}