Целосно менување на животниот стил

Целосно менување на животниот стил



Многупати сум размислувала како јас лично можам да придонесам кон намалување на влијанието на климатските промени. И при тоа она што останува како факт е дека можеме да внесеме промени во секој сегмент од нашето живеење, без разлика дали станува збор за опремување на домот, избор на транспортно средство или фреквенција и обем на пазарење.

Неодамна имав прилика да започнам да живеам самостојно и да си го опремам и уредам домот согласно моменталните потреби и можности. Бројот на апарати и бела техника кои ни се неопходни во домот, се чини дека сè повеќе расте, меѓутоа сè повеќе расте и изборот на енергетски ефикасни уреди кои се неспоредливо поштедливи со оние модели кои биле актуелни на пазарот пред неколку години. На мое пријатно изненадување, веќе и не станува збор за огромна разлика во цена и со минимално поголеми вложувања можеме да стигнеме до енергетски ефикасна бела техника која ќе почне самата да се „исплаќа“ уште од првите пристигнати сметки.

Имам прилика да ги согледам и бенефитите од подобрена изолација, која особено придонесува за пониски сметки во зима, но и поефикасно регулирање на температурите во летните месеци. Почнавме секоја година да изолираме по една-две соби, па веќе сме стигнати до целосно изолирана куќа и го согледуваме максималниот ефект во однос на подуобно и поекономично живеење.

Во однос на пазарењето, ни беше тешко да ја дозираме количината храна којашто ја купувавме на неделно ниво и се случуваше постојано да треба да се справуваме со остатоци од храна се со цел да не бидат фрлени. Фрлањето на храна за мене лично е недозволиво и сакам да го сведам на апсолутен минимум. Меѓутоа со подобра организација и планирање при купувањето го надминавме и тоа.
Додека сме кај пазарувањето, од неодамна користиме памучни торби за пазарење. Имам една за во ташна, друга за на работа, трета за поголеми производи и тн. Транзицијата кон овој начин на купување е постепен, но најважно е да знаеме дека ќесите не се секогаш неопходни при купување и дека можеме значително да го намалиме нивното користење, па дури и доколку не сме секогаш во можност 100% да ги исклучиме од употреба. 


Примери има уште многу, но главниот заклучок е дека доколку навистина сме свесни за тоа какви се ефектите на климатските промени, која е нашата улога и должност како граѓани на локално и глобално ниво, тогаш постепено и ќе ги менуваме нашите навики и животен стил, притоа согледувајќи ги финансиските бенефити, подобрената лична организација и позитивното влијание кое го имаме врз животната средина. 

Можеби нема да имаме секогаш можност и средства сè да направиме одеднаш, но има безброј начини како да се почне. 

Тамара Тодоровска

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close