Од градина на маса – се храниме здраво и одговорно

Од градина на маса – се храниме здраво и одговорно



Не толку одамна, татко ми започна да сади овошје и зеленчук на една мала парцела на нашата градина. На почетокот бев скептична и не можев да ја разберам потребата од толкав труд кога сѐ што ќе посакаме постои во големите супермаркети. Неговиот одговор беше: "Со одгледување на моја градина, јас сум тој што ќе одлучи што оди во мојата почва и растенијата кои ги одгледувам. Тоа ми дозволува да ја намалам количината хемикалите кои се штетни за нашето тело, како и ја загадуваат нашата околина."

Само по првите плодови, многу добро ја разбрав разликата; не само што вкусот беше подобар, но и научивме да конзумираме одговорно. Порано купувавме многу повеќе од тоа што навистина ни беше потребно, па често зеленчукот скапуваше и го фрлавме. Сега конзумираме директно од градината, а дополнителните производи ги набавуваме од локалните производители. Нашите причини се очигледни: ние одбиваме да купуваме храна што додека да стаса на нашата маса има испуштено илјадници емисии на стакленички гасови.  Дополнително, вкусот на локално растената храна е многу подобар и трае подолго.  Ние исто така  наоѓаме мир во умот затоа што точно знааме од каде потекнува нашата храна и како се одгледува. 

Освен тоа, купувањето храна од локални производители создава важни економски можности, обезбедува здравствени придобивки и помага во зближувањето на заедницата. Заштитата на животната средина како и поддршката на економијата во заедницата за нас е неверојатно важна. 

Емсаљ Ајредини од Куманово

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close