Со велосипед се движам скоро насекаде низ Скопје каде што имам потреба, а очигледно, во нашиот главен град временските прилики се погодни преку целата година да се користи велосипед како секојдневно превозно средство
Со велосипед стигам побрзо до саканата дестинација отколку кога би користел автомобил, бидејќи лесно се пробивам низ сообраќајните гужви, а паркирањето е многу поедноставно (и бара помалку време и помалку нервози). А зарем треба да се коментира дека финансиските трошоци драстично се намалија откако автомобилот го заменив со велиосипед. Воедно , одржувањето на велосипедот е многу пооевтино а сето тоа позитивно се одрази и на моето здравје. Сега со задоволство се решавам за велосипедот како транспортна опција знаејќи дека го развивам позитивниот дух, дека лично не придонесувам за загадениот воздух во Скопје и не емитувам стакленички гасови кои сериозно ја менуваат климата, туку дека преку моето искуство давам пример и другите (стари и млади) да го прифатат овој начин на движење низ градовите.
И на крај, сакам да потенцирам дека не ви е потребен исклучително скап или најнов модел на велосипед, напротив, ако немате друго, извадете и вашиот стар, заборавен велосипед од подрумот, зачистете го, украсете го по желба и уживајте во бенефитите, знаејќи дека на овој начин вложувате во себе, дека си го подобрувате здравјето и расположението, дека придонесувате за почист воздух и поздарава животна средина во вашиот град.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}