Замена на системот за греење во домот со поефикасни и поеколошки методи
Живеењето во куќа подразбира големи сметки за загревање на просторот, како и високи трошоци за купувања на дрва за огрев, потоа нивен транспорт, сечење и обработка. По долги години решивме во нашиот дом да ја напуштиме печката на дрва и да одбереме систем на греење кој ќе биде поефикасен. Најпрво купивме панели за греење кои иако се евтини се покажаа како многу енергетски неефикасни па така и првата година во текот на зимските месеци имавме драстично повисоки сметки за струја. Затоа сега набавивме инвертер клима системи кои одлично го затоплуваат домот, се енергетски ефикасни и сметките за струја веќе ни се за 30% пониски во споредба со претходната грејна сезона. Дополнително планираме од сопствени средства да инвестираме и во подобрување на изолацијата на куќата и замена на дотраените и стари прозорци со нови. Со минимална почетна инвестиција од околу 50.000 денари во замена на печката на дрва и панелите сметам дека направивме правилен избор, помалку влијаеме на емисијата на јаглероден диоксид и загадувањето на воздухот, па затоа ваква акција им препорачуваме на сите домаќинства кои немаат пристап до централно градско греење.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}