Активистката за клима Грета Тунберг во вторникот изјави дека „во суштина ништо“ не е променето во последните 18 месеци од кога таа почна да протестира за климатските промени. „Речиси ништо не е сторено” посочи Тунберг на панел во Давос. „Емисиите на СО2 не се намалени, а се трудиме тоа да го постигнеме“ .
Седумнаесет годишната шведска активистка за клима го изјави ова на една од сесиите на отварањето на годишната средба на Светскиот економски форум (WEF), познат како Давоc. Нејзините коментари беа дадени како одговор на прашањето што е променето откако таа ги започна младинските климатски протести во август 2018г.
„Од еден аспект, се случија многу работи кои никој не можеше да ги предвиди“, рече Тунберг. Ова ја разбуди општата свест и иницираше движење. Сите овие бројни млади луѓе од многу различни места прават заеднички напори да го покренат ова заедничко движење.
„Луѓето генерално сега се повеќе свесни. Климата и животната средина сега се жешка тема, благодарение на притисокот на младите луѓе“.
Но, според неа зголемената свесност не се преточи во акција, и „речиси ништо“ не е сторено за намалување на емисиите и справување со затоплувањето на планетата.
Тунберг рече дека луѓето мора „да почнат да ја слушаат науката“ и „да почнат да ја третираат оваа криза каква што реално е“ .
Тунберг ги поттикна светските лидери и медиумите, климатските промени да ги сфатат посериозно, предупредувајќи дека на планетата и останаа уште само осум години „јаглероден буџет“, во кои се уште можеме да смениме нешто за да се избегне опасното затоплување на земјината топка во наредните 100 години.
Извор: Yahoo Finance
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}