ДА ЗАШТЕДИМЕ И ДА НЕ ЗАГАДУВАМЕ

ДА ЗАШТЕДИМЕ И ДА НЕ ЗАГАДУВАМЕ



Дел сум од едно просечно македонско семејство со просечни месечни примања до 40,000 МКД и две деца (едното средно, другото на факултет). Живеам во населба каде нема централно греење. До пред 5 години се греевме на дрва, имавме старо дизел возило, куќата ни беше без изолација. Трошоци колку сакаш, а пари никогаш доста. Сметав дека е време за промена, промена со која ќе заштедиме, ќе си ги подобриме условите за живот, а воедно ќе водиме сметка и за животната средина, бидејќи прашањето во каква животна средина ќе растат моите деца стана многу важно за мене. Си поставивме прашање зошто да не се потрудиме и да го најдеме вистинското решение.

Пред 5 години започнавме со промени. Полека, без никакви субвенции, со заштеди и кредити, со поддршка на пријателите и семејството. Ја изолиравме куќата, ставивме добри прозори, ставивме парно греење на пелети. Ја сменивме колата, купивме кола на бензин на старо (не од плац од Германија, туку од кај нас – од прв сопственик) и и ставивме плин. И последно, ставивме соларен колектор за топла вода на покривот.

Заштедените пари ги инвестираме во образованието на децата. Поголем мотив од нив, немам.

СЛОБОДАНКА МИТЕВСКА

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close