Во текот на целиот свој живот се трудам да водам сметка за тоа како моите навики и однесување влијаат врз животната средина. Водена од желбата да развијам здрави животни навики во моето семејството, а особено и од фактот што и професионално со години посветено работам на климатски промени, не можев да се помирам дека семејното возило користи дизел како гориво. Пред 4 години конечно ми се оствари сонот. Собравме средства и го сменивме стариот дизелаш со Тоyota Auris hybrid – хибридно возило со ниски емисии на CO2.
Многу читавме и се едуциравме и на крај сметам дека го направиме вистинскиот избор.
Овој хибрид не се полни со струја од кабел, туку функционира на тој начин што дел од горивото што го троши самиот го произведува (механичка енергија што се создава при вртење на тркалата и кочење). Во превод, рекорд за возење низ Скопје ни е 2.1л потрошувачка. Забораваме кога го полниме резервоарот со бензин. И што е најважно, во услови на тргнување на возилото или тргни/застани по скопските гужви, не загадуваме ама баш ич. Тогаш хибридот работи на струја која сам си ја произвел.
Хибридите се преодниот чекор до електричните возила, за чија употреба се потребни одредени инфраструктурни предуслови, а и додека се преадаптираме и да имаме повеќе електрична енергија произведена од обновливи извори. А што е исто така многу важно е што и цената е се подостапна, и добри хибриди се веќе достапни од 15,000 ЕУР, а кинески мали возила за низ град дури и за под 10,000ЕУР.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}