На 11 ноември 2019 година, Република Северна Македонија му го претстави на Секретаријатот последниот нацрт на својата Енергетска стратегија до 2040, вклучително и со перспектива до 2030 година, што е првата стратегија што ја следи целокупната структура на националните планови за енергетика и клима (NECPs) во Енергетската заедница и временската рамка наведена во соодветната Препорака на Министерскиот совет.
На 11 ноември 2019 година, Република Северна Македонија му го претстави на Секретаријатот последниот нацрт на својата Енергетска стратегија до 2040, вклучително и со перспектива до 2030 година, што е првата стратегија што ја следи целокупната структура на националните планови за енергетика и клима (NECPs) во Енергетската заедница и временската рамка наведена во соодветната Препорака на Министерскиот совет. Стратегијата ги опфаќа петте димензии на Енергетската унија, иако спојува интеграција и безбедност на пазарите на енергија и вклучува дополнителна димензија на правни и регулаторни аспекти. Стратегијата утврдува три сценарија, од кои сценариото за интензивни обновливи извори на енергија (зелено сценарио) се покажува како најефикасно. Вклучува и резултати од Студијата за целите за 2030та, која Секретаријатот ја започна во 2018 година и која беше финализирана на почетокот од оваа година.
После првиот круг на консултации во јули 2019та година, Секретаријатот обезбеди нова серија на препораки за усогласување на стратегијата за да обезбеди соодветно разгледување и усогласеност со развојот на енергетиката и климатските политики и цели на ниво на Енергетска заедница и ЕУ.
Извор: https://www.energy-community.org/news/Energy-Community-News/2019/011/12.html
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}