Самит за климатска акција 2019 – видување на министерот Нуредини

Интервју


Овој Самит беше различен затоа што не се бараа убави говори, туку посветеност, амбиција и акција. Многу држави и лидери презентираа смели решенија, политики и акции за да се осигура глобалното затоплување да не надминува 2˚C, а младите инспиративни луѓе привлекоа масовно внимание на медиумите ширум светот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини,  учествуваше на Самитот за климатска акција што се одржа во Њујорк на 23 септември, повикувајќи ги сите водачи да дојдат со реални планови за подобрување на нивните национални придонеси за климатски промени до 2020 година.

Овој Самит беше различен затоа што не се бараа убави говори, туку посветеност, амбиција и акција. Многу држави и лидери презентираа смели решенија, политики и акции за да се осигура глобалното затоплување да не надминува 2˚C, а младите инспиративни луѓе привлекоа масовно внимание на медиумите ширум светот.

На министерот Нуредини му поставивме три прашања за неговите впечатоци од Самитот:

Прашање: Именувајте три работи што ви оставија најголем впечаток од Самитот.

Нуредини: Првото нешто што ми остави силен впечаток беше фактот дека скоро сите светски лидери беа собрани во една просторија со една цел: да преземат итни и амбициозни климатски акции. Втората работа што остави силен белег на Самитот е влијанието на говорот на 16-годишната Грета Тунберг. И третата работа е отворање нови можности за решавање на климатските прашања како на регионално така и на глобално ниво.


Прашање: Кои се трите настани на кои учествувавте што Ви оставија најголем впечаток?

Нуредини: Се сретнав со голем број претседатели и колеги од целиот свет, имав средби со високи претставници на меѓународни организации како што се УНДП и Обединетите нации, а би ја издвоил и вечерта организирана од Атлантскиот совет на која беа доделени награди како признанија за напорите во справувањето со климатските промени.


Прашање: Кои се првите три работи поврзани со климатски промени што ќе ги преземете по вашето враќање од Њујорк?

Нуредини: • Зајакнување на соработка со приватниот сектор и општините за создавање услови за поамбициозна климатска акција и општо за почиста животна средина

                      •    Разгледување и дополнување на постојните закони (каде што е потребно) и нивно ефикасно спроведување

                      •    Развивање на свест дека ние како индивидуи сме дел од причината за климатските промени и дека можеме да бидеме решението.


{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close