Успешноста на политиките и мерките кои се креираат за намалување и на загадувањето на воздухот и на емисиите на стакленички гасови зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен од кои ќе се согледа фактичката состојба. Но, анкетите спроведени претходно за начините на греење во Скопје не овозможуваат соодветни анализи и креирање на политики на микро ниво.
Успешноста на политиките и мерките кои се креираат за намалување и на загадувањето на воздухот и на емисиите на стакленички гасови зависи меѓу другото и од расположивоста на примарни податоци собрани на терен од кои ќе се согледа фактичката состојба. Но, анкетите спроведени претходно за начините на греење во Скопје не овозможуваат соодветни анализи и креирање на политики на микро ниво.
Ова истражување е прво сеопфатно истражување за начините на греење на толку голем број на испитаници што е спроведено во Скопје. Опфатени се 5,044 домаќинства во сите 17 урбани и рурални општини во Скопската котлина. Овој примерок е репрезентативен и овозможува анализи на податоците на ниво на општина, или дури и населба.
Со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации, истражувањето се реализираше во Јануари 2017 година, од од страна на професионални анкетари со користење на мобилната алатка Placeformer. Оваа иновативна алатка овозможува собирање на податоци од голема група на граѓани во краток временски период и географски означени информации кои можат да се користат за дизајнирање на политики и мерки на локално и микро ниво (дури и на ниво на населби), но и на регионално и национално ниво.
Резултатите од анкетата се сумирани во неколку документи и мапи со кои за прв пат детално се утврди влијанието на различни мерки во греењето на домаќинствата врз емисиите на стакленички гасови (CO2, CH4, N2O), но и врз локалното загадување (PM2,5, PM10, CO, SOx, NOx) и квалитет на воздухот:
Влијанието на различни мерки во греењето врз емисиите на стакленички гасови (CO2, CH4, N2O), но и врз локалното загадување (PM2,5, PM10, CO, SOx, NOx) и квалитет на воздухот е главна цел на Студијата за греење на градот Скопје – СТУГРЕС. Во неа се анализаат различни мерки и политики за потребите на општините на територија на Град Скопје (Град Скопје и десет општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).
Резиме на резултатите од истражувањето на начините на греење на домаќинствата како најголем загадувач на воздухот во Скопската котлина, Социо-економска анализа на домаќинствата кон кои треба да се насочат мерките за намалување на загадувањето и Патоказ за намалување на загадувањето од греењето 2017-2025 www.skopjesezagreva.mk
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}