Применувањето на нови современи технологии за иновирање во јавните услуги е иднината на секој еден модерен град. Првата обука за современ мониторинг на непристапни објекти или делови на објекти со користење на современа технологија (летало дрон Phantom DJI Advanced 3 со термална камера) се одржа на 24 и 25.07.2017.
Обуката преку низа на практични тренинзи изведени на Спортскиот аеродром “Стенковец” и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФЕИТ) имаше за цел градење на вештини кај вработените од Град Скопје за управување со дрон како и издвојување на корисни информации од обработка на направени термални фотографии.
Ваквата обука само ги зацврстува нашите мотиви да ова биде првата од серијата на неколку обуки со цел градење на капацитети кај вработените на Град Скопје.
Користењето на нови технологии, како што се дроновите, ѝ овозможува на јавната администрација да употребува нови методи за мапирање на топлинските острови и најжешките точки во градот, што е сѐ повеќе потребно при справување со климатските промени. Дополнително, дроновите овозможуваат полесно мапирање на отпадот, дивите депонии, како и аерозагадувањето. Пристап до конкретни информации и датабази за овие предизвици е од големо значење за јавната администрација, во процесот на правење одлуки и полики за животната средина.
Обуката беше реализирана од страна на Регионалниот Центар за социјални иновации и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство кои дополнително презентираа и серија на можности за соработка како и идеи за идни проекти од значење за Град Скопје.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}