Рамката за иновации на Град Скопје обезбедува водилки за развој на иновации во јавниот сектор. Целта е да им се помогне на вработените во Град Скопје да креираат подобри услуги и проекти за градот и граѓаните. Рамката покажува како ќе се развиваат иновациите и кои се методите и техниките на работа за секоја од фазите во процесот.
Рамката за иновации обезбедува систематизиран процес кој помага при изнаоѓање решенија на релевантни општествени предизвици со кои се соочува Градот, меѓу кои се и климатските промени. Рамката иако е првично изработена за потребите на град Скопје, истата може да се користи за развој на иновации и во другите јавни институции.
Рамката може да ја погледнете овде
https://www.skopjelab.mk/ramka-za-inovatsii-na-grad-skopje/
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}