Во јануари 2017, УНДП, во соработка со Град Скопје и Министерство за животна средина и просторно планирање, спроведе теренско истражување (со собирање на гео-означени податоци од мобилни телефони) за начинот на кој се греат домовите, базирано на примерок од 5044 домови во Скопскиот регион. Од спроведеното истажување, СмартАп беше ангажиран за изработка на техничка алатка за интерактивно прикажување на различни сценарија од добиените податоци. Оваа алатка отвори можности за специфична анализа на податоците согласно потребите на граѓаните и експертите. Истата е изработена со Microsoft алатката “PowerBi”.
Оваа алатка за #SkopjeSeZagreva овозможи увид на како социо-економските фактори влијаат врз одлуките на потрошувачите и како локалните власти донесуваат нови политики (пр. субвенции за пелети). Друг пример за користењето на оваа алатка за Град Скопје е оценувањето на „Стратегијата за климатски промени за отпорно Скопје“,која им овозможи на локалните власти и секторот за животна средина да увидат што било имплементирано, кои финансиски средства биле вклучени и колку се искористени.
Пристап до конкретни информации и датабази за начини на греење во градот, преку оваа алатка, е од големо значење за јавната администрација, во процесот на носење нови одлуки и политики за животната средина и климатските промени.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}