Апликација за мапирање на отпад Kanta.mk

Апликација за мапирање на отпад Kanta.mk



Канта.мк е мобилна апликација која ја користи толпата луѓе (crowdsourcing) чија цел е поставување основа за мерење на состојбата во иднина, и понатаму за дефинирање акции и донесување информирани одлуки за справување со отпадот. Дополнително, за да се обезбеди можност граѓаните активно да се вклучат во решавањето на овој општествен проблем за поубав и почист град.


Управување со отпадот е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија. Според истражувања, 90% од отпадот во Македонија завршува во диви депонии, од кој ⅔ е органски. Кога се разградува органскиот отпад, се испушта метан, кој е за 21 пат поштетен од јаглеродниот диоксид. Со цел да се дојде до поконкретна слика за овој проблем, се изрази потреба од генерирање на детална датабаза која ќе не води кон нови сознанија за проблемот и причините позади него.


Канта.мк нуди опции за мапирање на локации за ослободување од отпад, можност за додавање предлози на нови локации за садови за отпад (означени по тип на отпад), мапирање на нелегални депонии во Скопје, и преглед на сите мапирани локации со 3 опции: гледање на мапата на градот, приказ на сегашната локација и најблиската локација на садови за отпад (според типот на отпад).

Со правилно управување на отпадот, особено органскиот отпад, директно се влијание на емисиите на метан во атмосферата, со што се работи на 13та цел на Обединетите нации - Климатска акција. Оваа алатка е директно поврзана со уште една цел (9) - Индустрија, иновации и инфрастрктура, која има за таргет (9.2) да го намали лошото влијание врз животната средина предизвикано од неправилно управување со отпадот, со цел креирање на циркуларна економија каде што се охрабруваат иновациите.



 



СмартАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close