Еден од најзначајните проекти на Скопје Лаб - Центар за иновации на Град Скопје е иницијатива за ре-дизајнирање на зелени јавни површини/паркови, на кои моментално Град Скопје работи со цел нивна ревитализација (озеленување и оплеменување со урбана опрема). Иницијативата започна прво преку правење на анкети и интервјуа со крајните корисници, користејќи го принципот на дизајнерско размислување. Согласно резултатите, тимот на Скопје Лаб изработи 8 концепти за редизајн на јавни зелени површини кои досега не беа доволно искористени, со цел да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.
Оваа иницијатива директно е поврзана со креирање на одржливи градови и заедници, т.е. со таргет (11.7) за обезбедување на безбедни и инклузивни зелени и јавни површини.
Градејќи одржливи и пристапни зелени површини во Скопје, се зголемува отпорноста и адаптибилноста на градовите. Со садењето на повеќе зеленило на јавните површини, истовремено се намалуваат емисиите на стакленички гасови во воздухот.
Се очекува оваа иницијатива да продолжи и понатаму со оглед на заинтересираноста на граѓаните како и на останатите јавни, приватни и граѓански организации да помогнат во уредување на ваквите површини.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}