Еден од најгорливите предизвици со кои се соочува Град Скопје е ефективното управување со отпадот во градот, особено со цврстиот отпад. Препознавајќи ја потребата од значително подобрување на пристапот и начинот на управување со цврст отпад Град Скопје под водство на Скопје Лаб - Центар за иновации на Град Скопје, реши да преземе чекори кон подобрување на оваа состојба. Земајќи ја предвид комплексноста на процесот, првичниот фокус на овој предизвик беше подобрување на услугата за собирање на кабаст отпад на ЈП Комунална Хигиена.
Користејќи го пристапот на дизајнерско размислување, во текот на месеците јуни-јули се одржаа 3 работилници за редизајн на услугата за собирање на кабаст отпад. Во нив се разгледуваше предизвикот од повеќе аспекти, како што се: законска регулатива, инфраструктура за правилно управување со отпадот, информираност на граѓаните за отпадот и начинот на депонирање, алтернативи за одлагање на кабаст отпад и процес на испорака на услугата на ЈП Комунална Хигиена.
Редизајн на услугата за управување со кабаст отпад придонесува кон 9та цел на Обединетите нации за Индустрија, иновации и инфрастрктура има за таргет (9.2) да го намали лошото влијание врз животната средина каде што фокус се става на управување со отпадот, со цел креирање на циркуларна економија каде што се охрабруваат иновациите. Дополнително, со развивање на дискусија за видовите отпад и нивно правилно одлагање, се работи на таргетот (13.3) - подобрување на образованието и кревање свест за човековото влијание врз климатските промени и нивното намалување и рано спречување.
Уште една поврзана цел (12) е Одговорно користење и производство на ресурсите со таргет (12.4) за ефективно управување со отпадот, во текот на целиот негов животен циклус со цел да се намалување на негативните ефекти врз животната средина и човековото здравје.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}