Организацијата на Обединетите нации ги охрабрува владите што поскоро да ги ратификуваат амандманите во врска со вториот период на обврска на Протоколот од Кјото (меѓународен договор за намалување на емисиите на стакленички гасови). Ратификацијата на амандманот во Доха е важен дел од глобалната #КлиматскаАкција за периодот по 2020 година.
Со цел да даде придонес на претстојниот Самит за #КлиматскаАкција, организиран од страна на Генералниот секретар на ООН во септември 2019 година, како и на COP 25 во декември 2019 година, парламент го усвои “амандманот од Доха” на Протоколот од Кјото.
Амандманот вклучува:
• Нови заложби за Страните од Анекс I во Протоколот од Кјото кои се согласија да преземат обврски во вториот период на обврски (од 1 јануари 2013
година до 31 декември 2020 година);
• Дополнет список на стакленички гасови што ќе го известуваат Страните во вториот период на обврска; и
• Измени и дополнувања на неколку членови од Протоколот од Кјото кои конкретно се однесуваа на прашањата поврзани со првиот период на обврска и кои требаше да се ажурираат за вториот период на обврска.
Влегувањето во законска сила на амандманот во Доха е важен дел од глобалната #КлиматскаАкција за периодот по 2020 година и е клучен за ригорозната и успешна имплементација на Протоколот од Кјото.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}