Во септември, лидерите од светот ќе се соберат во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк за да кажат како ќе ги засилат активностите за заштита на планетата со што ќе се гарантира добросостојба на сите луѓе, насекаде во светот. Целта на дискусиите и на резултатите ќе биде да се бара решение за климатските промени, да се засили напредокот во однос на одржливиот развој и да се испорачаат резултати за луѓето кои се занемарени.
Недела на ОН
Собирот на едно место на лидерите од власта, приватниот сектор, граѓанскиот сектор и меѓународните организации - сите засегнати страни, ќе содржи и серија на важни состаноци чија цел е да се обезбедат здрави, мирни и просперитетни животи за сите, преку силна мултилатерална соработка.
23 септември
Самит за климатски промени
23 септември
Состанок на ОН на високо ниво за универзална здравствена заштита
24-25 септември
Самит за Целите за одржлив развој
26 септември
Финансирање на развојот, Форум на претседатели на држави
27 септември
Преглед на високо ниво на Патоказот САМОА
Повеќе инфо на https://www.un.org/en/summits2019/
Нашата држава не заостанува во напорите да стои рамо до рамо со амбициозните држави кои целат кон одржлив развој и климатска акција. Токму овие теми беа разгледани на минатонеделната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и постојаната координаторка на Обединети Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак. И двајцата се заложија да ја продолжат досегашната успешна соработка во областа на животна средина, климатски промени, природа, поплави, одржлив развој, но и да ја прошират во остварување на горливите напори на Владата УНЕСКО да не го стави природното и културното наследство на Охридскиот Регион на листата на загрозено светско наследство.
Дополнително, со поголема транспарентност и вклучување на невладиниот сектор и граѓаните во планирањето и имплементирањето на акциите, ќе се мотивираат силен, одржлив, избалансиран и инклузивен раст на државата.
23 септември 2019 година
Влијанијата од климатските промени се зголемуваат, но според научниците, со итна и трансформативна акција, сѐ уште е можно да се ограничи растот на глобалната просечна температура до 1,5 °C во споредба со прединдустриските температури, со што би се избегнале најстрашните последици. На овој Самит, на лидерите од владите, приватниот сектор и граѓанскиот сектор ќе им се даде можност да ги покажат решенијата кон кои се стремат за да се намалат емисиите и да се постигне климатска отпорност и адаптација на промените.
23 септември 2019 година
СОСТАНОК НА ОН НА ВИСОКО НИВО ЗА УНИВЕРЗАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
На првиот состанок на ОН на високо ниво за универзална здравствена заштита ќе се претстават новите активности кои се спроведуваат со цел за сите луѓе да има достапни, инклузивни и отпорни здравствени системи. На состанокот ќе се обединат светските заложби за здравствена заштита за сите луѓе во светот и ќе се потврди силната поврзаност на здравството со климатската акција како и фактот дека здравјето е човеково право и е предуслов, исход и двигател на одржливиот развој.
24-25 септември 2019 година
САМИТ ЗА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Државите во 2015 година едногласно ја усвоија Агендата 2030 за одржлив развој - најамбициозниот потфат до сега за трансформирање на нашиот свет со цел да се поттикне просперитет и добросостојба за сите, а истовремено да се заштити и животната средина. Самитот за ЦОР ќе им овозможи на светските лидери и на другите засегнати страни да покажат како планираат да ги забрзаат активностите за да се трансформираат нашите општества и економии додека се движиме кон петгодишнината од Целите, и со само малку подолго од една деценија време, колку што е останато до целниот датум - 2030 година.
26 септември 2019 година
ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАЗВОЈОТ
Мобилизирањето на доволни финансиски средства останува голем предизвик за спроведување на Агендата 2030, а за инвестициите кои се најважни за постигнување на Целите за одржлив развој сѐ уште недостигаат средства. Мерките за рестрикција на трговијата се забрзани, а ризиците од задолженост за зголемуваат, со што се оневозможуваат многу земји да инвестираат во Целите за одржлив развој. Дијалогот на високо ниво за финансирање на развојот ќе ги доведе на едно место лидерите од светот, од власта, бизнисите и од финансискиот сектор за да помогнат да се најдат средства и партнерства кои се потребни за забрзување на напредокот.
27 септември 2019 година
ПРЕГЛЕД НА ВИСОКО НИВО НА ПАТОКАЗОТ САМОА
Малите островски држави во развој се меѓу наранливите држави во светот. Тие се соочуваат со единствени проблеми поради нивната големина, оддалеченост, тесната база на ресурси и извоз и изложеноста на надворешните економски шокови и глобалните еколошки предизвици, меѓу кои и на влијанијата од климатските промени. Пет години откако беше склучен овој амбициозен договор - Патоказот САМОА - за да се подржи одржливиот развој во малите островски држави во развој, Прегледот на високо ниво има за цел да се разгледа напредокот во борбата против уништувачките влијанија на климатските промени, да се изгради економска и еколошка отпорност како и да се најде решение за другите предизвици.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}