Работилница за изнаоѓање на законски решенија за забрана за согорување јаглен во домаќинствата

План за чист воздух


(10.07.2019г.) Денеска во Скопје се одржа првата работилница за изработка на целосно законско решение со кое ќе се регулира забраната за користење на цврсти високо загадувачки енергенси и стандардизирањето на типовите на печки за затоплување, како дел од имплементацијата на Планот за чист воздух. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули истакна дека очекува со вклучувањето на надлежните институции, граѓанските организации и другите релевантни чинители да се изнајде оптимално законско решение за прекумерната емисија на штетни гасови во атмосферата кои се резултат на согорувањето на јаглен во домаќинствата и стопанските субјекти кои користат јаглен во ложиштата.

Макрадули истакна дека со овие активности не само што ќе се намали загадувањето на воздухот, туку и директно ќе се придонесе за намалување на негативните ефекти од климатските промени, зголемување на енергетската ефикаснот,  поголемо користење на обновливи извори на енергија, што на подолг рок, ќе доведе до намалување на емисијата на стакленички гасови и до исполнување на целите зацртани со договорот од Париз и целите на ОН.

Покрај тоа, тој нагласи дека, очекува вклучување на приватниот сектор, како пример за имплементација за некористење на јаглен како извор на загревање во своите објекти.


Извршната директорка на Еко‐свест Ана Чоловиќ Лешоска, исто така, истакна дека со регулирање на согорувањето на јагленот, негативните ефекти од штетните емисии ќе бидат значително намалени.

Мерката за забрана за увоз и продажба на јаглен за греење, како и донесување на потребните законски измени е предвидена во Планот за чист воздух, во делот кој се однесува на намалување на емисиите на загадувачки супстанции од затоплувањето во домаќинствата и истата доби консензуална поддршка во Собранието на Република Северна Македонија.

Оценето беше дека поцелисходно е донесувањето на ново засебно законско решение, отколку интервенција во повеќе законски решенија истовремено.

Дополнително, на работилницата се дискутираше и за можноста за проширување на забраната за согорување на јаглен за затоплување со забрана и за други фосилни горива (на пр. мазут), како и за одржливоста на мерката за проширување на забраната за согорување на јаглен и на индустријата, поточно на стопанските објекти и реалните можности и негативните економски ефекти од реализација на истата.

Работилницата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close