Зарем не си зелен?

Зарем не си зелен?



Проектот имаше за цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови преку превземање на енергетско-ефикасни мерки во центрaлното градско подрачје на Делчево. Проектните активности вклучуваа: Организирање на обуки на волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност. Намалување на трошоците за енергија во јавното осветлување во Општина Делчево со поставување на 60 енергетско-ефикасни светилки со канделабри за улично осветлување. Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање.

· Поставени се 86 енергетско-ефикасни сијалици со канделабри за улично осветлување, поставување за приклучување на улично осветлување

· Реализирани се две обуки (Делчево и Струмица) за 20 волонтери на РЦЗ Делчево. Покрај теоретскиот дел обуката имаше и практичен дел и тоа последниот ден од обуката каде учесниците имаа прилика да направат сами сончев колектор. Се запознаа со сите делови и алати, работеа на монтирање на колекторот и со несебично залагање и огромен интерес изразија желба за понатамошно усовршување во оваа област. И двете обуки беа покриени медиумски во локалниот општински гласник.

· Широка медиска покриеност на проектните активности со следење и објавување на резултатите во локалните весници, интернет, радио и телевизија.

 · Многу позитивни реакции за спроведување на проектот од страна на граѓани на Делчево и од страна на ЕЛС преку посета на канцеларија РЦЗД и изразување на јавна благодарност. Сите овие случувања го мотивираа тимот кој го спроведуваше проектот да продолжи со активности поврзани со енергетската ефикасност. Веке се обезбедени финансии од ЕЛС Делчево и РЕЦ Македонија/сектор програма за превземање на енергетско ефикасни мерки односно за замена на 132 живини светилки со натриумови светилки.

· Воспоставен договор со општината Делчево заштедените средства од електричната струја да се реинвестираат во нови еколошки проекти.

· Политички дијалог и лобирање резултатите да се применат во други општини

· Подготовка на брошура за енергетска ефикасност.

· Настап пред донатори за енергетска ефикасност заедно со ЕЛС Делчево.

Основни податоци за проектот

 

Регионален Центар за застапување РЦЗ, Делчево

Повеќе информации за здружението можете да најдете на следниот линк: http://www.rcz.delcevo.org.mk/

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close