Генерална цел на проектот: Поголема Енергетска Ефикасност преку промена на прозорци во ОУ„Гоце Делчев“ Гостивар, намалувањето на потрошувачката за топлинска енергија преку фосилни горива ќе се намали емисијата на штетни гасови а индиректно ќе има позитивен ефект врз животната средина и Зголемување на свеста на граѓаните од придобивките од придржување кон насоките за енергетска ефикасност на општината Гостивар. Главни проектни активности: Изработка на проекти со детално техничко решение за промена на прозорците во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар Набавка и поставување на прозорци Кампања за подигање на јавната свест Презентација на постигнати резултати
· Превземени енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со емисии на стакленички гасови: заменети 223 стари дотраени прозорци со нови енергетски ефикасни. На годишно ниво за трите проекти се очекуваат заштеда на енергијата од 25%.
· Организирана теоретска обука на 120 учесници: учениците и родителите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, информирање на населението преку анкетирање. Организирана обука за наставници од училиштето за енергетска ефикасност.
· Одржан завршен настан за промоција на резултатите од проектот. На настанот присуствуваа гости меѓу кои градоначалникот на општина Гостивар, претставници на институциите, локални здруженија, како и претставници на медиумите,
· Изградено партнерство со Општина Гостивар и ОУ„ Гоце Делчев“ Гостивар и зацврстена заедничка соработка со Општина Гостивар и ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар
· Зајакнати капацитети и зголемен степен на знаење на членовите на Здружение ДРИТА АГВ Гостивар со подготовка на тендерска документација, објава на повик, запазување на законски регулативи, подготовка и потпишување на Договори со Општина, училиште и изведувач за промена на прозорци кои се официјални обврзувачки документи, одржување на прес конференции, подготовка и реализација на работни состаноци, презентација и трибина
· Организирање на изложба со изработени ликовно, прозно и поетско творби на ученици на тема енергетска ефикасност
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}