Општина Гевгелија е меѓу првите во Македонија којашто има усвоено Програма за енергетска ефикасност за периодот 2007-2010. Во програмата е предвидено замена на постојни светилки со енергетски ефикасни светилки (уличното осветлување во 16 населени места во општината во најголем дел 93% е со живини сијалици). Во согласност со овој документ, како и со Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) и Стратегијата за одржлив развој на општина Гевгелија 2008-2011, РЦОР Гевгелија и Општината влегоа во стратешко партнерство и потпиша Меморандум за разбирање, решени да ја намалат CO2 преку превземање на енергетско-ефикасни мерки во центрaлното градско подрачје (намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на енергија со поставување на енергетско ефикасни светилки). Следниве проектните активности беа организирани: Поставување и замена на 400 енергетско-ефикасни сијалици за улично осветлување во регионот на Општина Гевгелија, Организирање на теоретски и практични обуки за енергетска ефикасност и климатските промени, Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање, Презентација за проектот во општините кои гравитираат околу Гевгелија (Валандово, Дојран и Богданци).
· 400 живини светилки беа заменети со 400 енергетски ефикасни светилки за улично осветлување. Како резултат на тоа, на годишно ниво ќе биде намалена емисијата на околу 21,8 тони CO2.
· Организирани четири работилници (2 практични и 2 теоретски) со 118 учесници од локалните здруженија на граѓани, ученици и наставници од средни училишта, локалното население, бизнис-секторот и претставници на локалната самоуправа од Гевгелија, Валандово и Богданци. Учесниците се стекнаа со теоретски знаења за енергетска ефикасност, со искористување на алтернативни обновливи извори на енергија првенствено сонцето како и се здобија со практични информации и совети за секојдневно штедење на енергија во домовите и конструкција на сончеви системи и панели.
· Широката медиумска покриеност на активностите на проектот со следење и објавување на резултатите во општинскиот локален билтен и општинската веб страна, локалните радио, телевизија и веб страна.
· Проектните активности и резултати беа презентирани на локалното население на општините кои гравитираат околу Гевгелија: Валандово, Дојран и Богданци.
· Проектните активности и резултати беа позитивно оценети од граѓаните на Гевгелија. Беше договорено остварената заштеда од инсталираните енергетски ефикасни светилки да бидат искористени за финансирање на локални еколошки проекти.
· Грантистот беше контактиран од претставници од единиците на локалната самоуправа на Дојран и Богданци, кои покажаа интерес да се реплицира проект во нивните општини
· Основните и средните училишта од Гевгелија, Валандово и Богданци побара продолжување на теоретски и практични работилници за енергетска ефикасност, како и организирање на практични енергетско ефикасни интервенции во нивните училишта.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}