Енергетско ефикасни Општини 1-4

Енергетско ефикасни Општини 1-4



Врз основа на еден веќе успешен развиен проектен модел од 2005 (Јегуновце, Шемшево и Вратница) во рамките на Локалната општина Јегуновце), грантистот во период од 2007-2014 спроведе три зголемени и реплицирани проекти во неколку општини на Република Македонија (Локална општина Јегуновце, Шуто Оризари, Центар и Дебарца). Проектите имаа за цел превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови во јавни објекти (основни училишта, градинки, интернат за деца со специјални потреби, административни општински згради како и улично осветлување). Главните проектни активности вклучуваа: Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти како и намалување на трошоците за енергија во јавните објекти Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија Медиумска промоција

· Превземени низа на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина особено со емисии на стакленички гасови: поставени 1820 енергетски ефикасни светилки во објектите и улични светилки, три сончеви системи за добивање на топла вода, 24 заменети чешми и искршени стакла на прозорците, поставувени 9 федери за затварање на врати, инсталирани 330 енергетски ефикасни прозорци и 14 врати, излирани прозорци и врати со силиконски ленти итн. На годишно ниво за трите проекти се очекуваат намалена емисија на CO2 за 127,2 тони.

· Организирани теоретски и практични обуки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со присуство на над 200 учесници (вработени во јавните објекти, претставници на Здруженија и Локалните власти),

· Дизајнирани, отпечатени и дистрибуирани широк спектар на публикации за енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и климатски промени (на македонски, албански и ромски јазик): прирачник во 630 копии, 8 вида на постери во 3450 копии, 4 вида на налепници во 3627 копии, 3 вида на брошури во 400 копии, леток во 673 копии.

· Со општините Јегуновце и Дебарца договорено е отварање на посебен општински фонд од заштеда на енергија од кој фонд заштедените средства повторно ќе бидат вложени во еколошки проекти од областа на климатските промени.

· Воспоставена соработка и менторство со 14 здруженија и заедничо учество во проекти од областа климатски промени

 · Широка информативна кампања со вклучени средби, работилници, интервјуа и видео филмски презентации на националните медиуми (ТВ, радио, весници), дистрибуција на едукативни матерјали, предавања за ученици. Сето ова овозможи информирање на широката јавност за искуството на користење на сончева енергија за приватни корисници.

· Вештините и знаењата на локалното хаселение беа искористени за време на спроведување на проектните активности посебно при инсталирањето на сончевите модули. Дополнително, при ова беше подигната јавната свест кај локалното население во општината за придобивките кои ги нудат обновливите извори на енергија, како и практичната примена на енергетската ефикасност.

Основни податоци за проектот

Основни податоци за проектите 2-4

Здружение на граѓани ПРОАКТИВА, Скопје

Повеќе податоци за здружението ќе најдете на селдниот линк: www.proaktiva.org.mk/

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close