ПРОМОВИРАЊЕ НА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСНИ МЕРКИ ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

ПРОМОВИРАЊЕ НА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСНИ МЕРКИ ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ



Главна проектна цел е промовирање на обновлива енергија преку енергетско-ефикасни мерки и користење на сончевата топлина како обновлив извор на енергија за подобра животна средина во општина Зрновци со намалување на трошоците за енергија и намалување на емисијата на CO2 од јавните објекти во Општината. Главните проектни активности вклучуваа: Поставување на сончев колекторски систем за затоплување и догревање на водата за парно затоплување на училиштето ОУ Синиша Стоилов, Зрновци, кое опфаќа вкупна греана површина од 3667 м3, или училишна зграда на 3 спрата и дополнителен објект со две училници; Вградување мерно-регулациска опрема и опрема за автоматска контрола за системот за греење во училиштето (сензори за термо регулација, изолација на цевки, замена на радиатори со поголема енергетска ефикасност, вградување на терморегулациони вентили); Одржување на обуки на волонтери за изработка и поставување на сончеви системи за топла вода; Одржување на консултативни состаноци/лобирање кај локалната и централната власт за зголемување за превземање на мерки за енергетска ефикасност и зголемување за користење на обновливите извори на енергија; Публикување и дистрибуција на печатен едукативен материјал (Збирка од национална легислатива за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во Република Македонија); Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање.

· Поставен функционален сончев систем за топла вода, односно инсталирани се 25м2 сончеви колектори, поставен 1500 литарскиот болјер и монтирана мерно регулационата опрема за автоматска контрола на системот за греење- поставен сончев колектор за добивање на топла вода и негово поврзување со постојниот систем за парно греење на ОУ Синиша Стоилов, Зрновци.

· Обучени двајца работници–одржувачи од училиштето за ракување и управување со инсталираната опрема на сончевиот систем како и зголемување на степенот на знаење и информираност на населението за поставување на соларни панели преку одржување на практична обука на 15 волонтери

· Информирани 30 преставници од различни институции и бизнис секторот за можностите и придобивките од искористувањето на обновливите извори на енергија

· Изработена Брошура на тема „Збирка од националната легислатива за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во Република Македонија“.

· Изработени предлог иницијативи и препораки со кои ќе се лобира кај институциите и локалните власти за спроведување на мерки за ЕЕ и користење на обновливите извори на енергија.

· Зголемен капацитет и искуство на членовте на ЈАВОР, во однос на спроведување на проекти од областа на ЕЕ и обновливите извори на енергија, и зајакната соработката со Локалната Самоуправа и други државни институции како корисници, партнери и кофинансиери на проекти.

 Основни податоци за проектот

Здружение за рурален развој ЈАВОР, Зрновци

www.javor.org.mk/

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close