Проектот имаше за цел да инсталира сончеви колекторски системи во два објекти во градинката Димче Митрев во Велес и да обучи 10 волонтери (заинтересирани граѓани на Велес и Локалната Општина) за важноста на енергетската ефикасност и користите кои произлегуваат од неа. Ова истовремено обезбеди можности за финансиски заштеди кои би се користеле за продолжување на проектните активности и во други објекти во рамките на Локалната општина Велес и со тоа создавање на модел за енергетски ефикасна општина и иницирање на можности за ширење на мали бизниси. Со помош на медиумите, широката јавност непосредно беше запознаета со техниките и со мерките за енергетска ефикасност и можните користи на обновливите извори на енергија (сончева енергија).
· Инсталирани десет (10) панели и два (2) сончеви системи повезани со бојлери за топла вода и со топлинска енергија како и со системот за осветлување, во градинката Димче Мирчев, Велес.
· Организирани три (3) едукативни работилници, за заинтересираните граѓани кои добија можност да се запознат со примената и користа на енергетски ефикасни сончеви системи;
· Организирани предавања и презентации за употребата на сончевата енергија на сто (100) ученици од основното училиште Св. Кирил и Методиј, Велес. Учениците покрај теоретско предавање, имаа можност непосредно да видата и модел на соларен колектор и мал бојлер, како и практична демонстрација на модел авион на соларна енергија.
· подготвен и емитуван ТВ спот на ТВ Канал 21, во период од 10 месеци (1.11.2007-30.08.2008), преку кој граѓаните непосредно се информираа за проектните активности и цели – за значењето на употреба на обновливи извори на енергија, со акцент на сончевата енергија, како неисцрпен, безбеден и најефтин извор на енергија;
· Подготвени и дистрибуирани 350 интерактивни мултимедиски ЦДа до образовните институции (5 основни и 4 средни училишта во Велес).
· Со успешно спроведените проектни активности и со видливите резултати, соработката помеѓу локалното население и општината е подобрена и унапредена.
· Како резултат на проектните активности остварена е заштеда од 8000 САД$.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}