Главна проектна цел е намалување на СО2 преку замена на фосилно гориво со обновлив извор на енергија, а во исто време и воведување на поефикасен систем за греење кој доведува на минимум испуштањето на издувни гасови во атмосферата. Развој на руралната економија, преку вклучување на сопственици на приватни шуми (СПШ) од Берово во производство и дистрибуција на дрвна иверка како гориво за загревање на училиштето Дедо Иљо Малешевски, село Двориште – општина Берово. Главните проектни активности вклучуваа: Инсталирање на котел кој работи на дрвна иверка и подобрување на енергетската ефикасност. Промоција и подигање на свеста за можноста за употреба на обновливи извори на енергија. Развој на економијата на локално ниво.
· Во основното училиште Дедо Иљо Малешевски инсталиран со котел на дрвна иверка и на тој начин има подобрување на енергетската ефикасност на локално ниво и намалување на 16,4 тони CO2/год.
· Организирани се 4 работилници на локално и регионално ниво со присуство на претставници од локалната самоуправа и бизнис секторот на кои беа претставени активностите на проектот, неговите придобивки и постигнатите резултати.
· Создаден е пазар на нов производ– дрвен чипс (иверка/дробено дрво) и поттикнато е отварање на нови работни места за производство и манипулација со дрвната иверка. Подигната е економската состојба на сопственици на приватни шуми – преку продажба на отпад од шума, како и на дрвнопреработувачките капацитети во Берово преку откуп на остатоците од преработка на техничко дрво. Издејствувана е промена на Закон за шуми, подобро дефинирање на условите за користење, производство и транспорт на дрвен чипс (иверка).
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}