СОНЧЕВА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СО2 ОД ГРАДИНКА

СОНЧЕВА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СО2 ОД ГРАДИНКА



Генералната цел на проектот: да се намалат емисиите на CO2 од фосилни горива преку инсталација на хибридни сончеви колектори во клон 1 од детската градинка Павлина Велјанова во Кочани. Главни проектни активности: Поставување на хибридни сончеви колектори кои истовремено произведуваат електрична енергија и затоплуваат вода. Едукативни активности: формирање и развивање на свеста за значењето на ОИЕ (обновливи извори на енергија) кај најмладата популација, односно кај дечињата од 5 и 6 годишна возраст со Едукативен час, подготвена боенка на тема ОИЕ, како и ликовен натпревар на тема СОНЦЕ при што првонаградениот цртеж ќе биде предложен да стане лого на градинката. Едукативна кампања за подигање на јавната свест за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија

· Поставени хибридни сончеви колектори, први од ваков вид во Република Македонија, во клон 1 на детската градинка Павлина Велјанова – Кочани со што се намалува потрошувачката на електрична енергија во објектот каде што е лоциран клон 1 која што се користи за загревање на топла вода и осветлување. Во сите ходници во клон 1 се заменети постојните светилки т.н. неонки со нови светилки кои користат ЛЕД диоди за осветлување и поставени се сензори за движење. На годишно ниво се очекуваат следниве резултати: намалена емисија на CO2 за околу 5 тони, намалена потрошувачка на електрична енергија за околу 5 MWh и намалени трошоци за електрична енергија за околу 94.000 МКД.

· Одржани работилници за воспитувачките, претставници на здружението и локалната самоуправа– обучени се 12 воспитувачки за обновливи извори на енергија (ОИЕ), а 8 претставници од општина Кочани и здружението за развивање на проекти од областа на ОИЕ.

· Организирана едукативната кампања со промовирање на проектот и подигање на свеста на сите јавни настани; Информација за проектот и активностите редовно објавувани во повеќе локални медиуми и портали, на општинската веб страна и веб страната за здружението. Организиран завршен настан со децата од градинката, нивните родители и локалното население. 

· Дизајнирани, отпечатени и дистрибуирани едукативна брошура (тираж: 1500 копии) и боенка (тираж: 200 копии); организиран Едукативен час наменет за формирање и развивање на свеста кај децата од предучилишна возраст (од 5 и 6 годишна возраст) и ликовниот натпревар на тема СОНЦЕ со добиени педесетина детски цртежи. Одбран еден цртеж за логото на градинката.

 Основни податоци за проектот

Здружение за поддршка на економскиот развој Локална акциона група– ЛАГ, Кочани

http://ruralnet.mk/clenovi/%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B8/

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close