Главна проектна цел е користење на сончевата енергија преку сончеви фотоволтаици за добивање на електрична енергија за потребите на Тераписката заедница Покров која е дом за оние кои имаат проблеми со злоупотребата на дроги и алкохол, членовите на нивните семејства, можноста од инфекција со ХИВ вирусот и другите преносливи инфекции; намалување на трошоците за електрична енергија на објектот како и јакнење на капацитети на корисниците на објектот за мерки за енергетска ефикасност како и за обновливи извори на енергија. Главните проектни активности вклучуваа: Избор на најдобар понудувач за монтажа на фотоволтаици, Поставување на фотоволтаици, Печатење на постери за енергетска ефикасност, Одржување на 3 предавања/работилници за практична примена и за енергетска ефикасност и зголемено користење на обновливите извори на енергија.
· Поставување на опрема (фотоволтаичен систем со моќност од 4KW, ПВ модули 250 w со 16 панели, Инвертор, Акумулациони батерии, Монтажа на целиот систем, Две улични светла со лед диоди) и негово поврзување со постоечката електрична мрежа на објектот. Со новиот систем ќе се задоволуваат потребите за електрична енергија во објектот (осветлување, компјутери, пумпата на парното греење...). Извршена е обука на персоналот за ракување и одржување со опремата. Системот овозможува производство на 4 kW/h електрична енергија или во просек *2500 Сончеви Часови годишно што е 8400 kW годишна заштеда електрична енергија. Како резултат од инсталираната опрема намалено е испуштање на стакленички гасови за најмалку 9,15 т СО2 на годишно ниво и намалени се трошоци за електрична енергија на објектот за најмалку од 96.600 денари/годишно
· Со одржани три работилници преку кои се опфатени 50 лица корисници на Тераписката заедница Покров, зголемен е капацитетот и искуството и остварени се предусловите за социјално вклучување на маргинализираните групи за можноста за отворање на нови зелени работни места. Главен фокус на обука беше изработка на уреди (сончеви колектори) за користење на обновливите извори на енергија и за енергетска ефикасност на објекти,
· Отпечатени и дистрибуирани постер за енергетска ефикасност (900 копии) во Тераписката заедница Покров и Општина Струмица. Со постерот беше информирано локалното население за користите од користење од воведување на енергетски ефикасни мерки во домовите. Постерите беа дистрибуирани во Југоисточниот плански регион општините, училиштата и невладини организации.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}