ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ



Главна проектна цел: Подобрена енергетска ефикасност во уличното осветлување во општина Врапчиште, зголемување на информираноста и градење на капацитетите на засегнатите страни вклучени во прашањата поврзани со енергетска ефикасност. Главни проектни активности: Набавка и инсталација на опрема – штедливи сијалици (демонтажа на старите светилки и инсталација на нови HPSL светилки); Обука за претставниците на вклучените општини за користење на системот за следење на енергетската ефикасност на општинско ниво ExCITE, креиран од УНДП; Едукативна кампања за подигање на јавната свест за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија.

· Набавени и поставени 375 штедливи сијалици во општина Врапчиште. Добиената заштеда на годишно ниво е 90.000 KWh или 50% заштедена енергија. Се прогнозира намалување на испуштањето на стакленичките гасови за најмалку 82.350 кг CO2.

· Организирана обука за 15 вработени од општинската администрација за користење на системот за следење на енергетска ефикасност на општинско ниво ExCITE, креиран од УНДП. Обуката ги опфати темите: прикажување на обврските кои ги имаат општините во секторот енергетска ефикасност, начини на реализација на оптимални мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија, остварување на финансиски заштеди, можности за создавање на нови работни места, зголемување на конкурентноста на производите и намалување на загадувањето на животната средина. Општина Врапчиште започна активно користење на ExCITE софтверот од јануари 2015.

· Изработен едукативен и информативен леток во тираж од 2000 примероци од кои 1500 на албански и 500 на македонски јазик, кој е дистрибуиран на заинтересираните институции и граѓани.

· Реализирани 4 работилници за учениците од ОУ Чеде Филиповски, Врапчиште, при што учениците од албанска, македонска и турска настава се запознаа со поимот енергетска ефикасност и извори на енергија. Индиректно преку нивните деца подигната свест кај 60 родители за мерките на енергетска ефикасност.

· 22ри Април Ден на планетата Земја за прв пат беше прославен во Општина Врапчиште. Во центарот на Општината, но и во училишниот двор беа организирани следните активности: делење на информативни летоци за енергетска ефикасност, засадување на цвеќиња и дрвца и музички перформанс. Настанот го посетија повеќе од 500 граѓани на Општина Врапчиште и во истиот беа вклучени 70 ученици кои несебично придонесоа кон спроведување на оваа акција.

Основни податоци за проектот

 

Еколошко Друштво Еко Акција, Тетово

Еколошко Друштво Еко Акција, Тетово

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close