Главна проектна цел е директно и индеректно намалување на CO2 преку намалување и заштеда на потрошувачка на енергија во 3 објекти на Детската Градинка Ацо Караманов и општинската зграда во рамките на општина Радовиш и подигање на свеста на јавноста за климатските промени климата и енергетска ефикасност. Главните проектни активности вклучуваа: Детална оценка на состојбата на објектите опфатени со проектите и студија за енергетската ефикасност во општина Радовиш и влијанието врз климатските промени, Организирање на јавна трибина за енергетска ефикасност и климaтски промени, Изведување на енергетско ефикасните зафати и реконструција, Теоретска и практична обука за енергетска ефикасност, Медиумска покриеност и промотивни активности и Континуирано следење на состојбата со намалена потрошувачка на енергија.
· Врз основа на извештајот за оценката на состојбата со објектите беа превземени низа на енергетско-ефикасни мерки (реконструкција, изолација и замена на стари дрвени прозорци и врати со нови, поставени 223 енергетски ефикасни светилки во објектите и 80 улични енергетски ефикасни светилки),
· Спроведени обуки од областа на климатските промени, потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност, како и презентирање на практични примери за енергетска ефикасност со учество на наставници, управители и одржувачи на јавни објекти; Организирани предавања за учениците во основните училишта на теми: климатските промени, потрошувачката на енергија и енергенси, проследени со сесија на прашања и одговори,
· Организирана презентација на проектните резултати со учество претставници на Министерството за труд и социјална политика, Градоначалникот на Општина Радовиш, градоначалникот на Општина Конче, Советниците на Локалниот Советот, Здруженија на граѓани, граѓани и претставници на локалните медиуми
· Првичните резултати на спроведените мерки покажуваат дека е остварено годишно намалување на производството на CO2 од 128645 кг СО2 на 87947 кг СО2 со разлика од 40698 кг СО2,
· Во рамките на буџетот на општина Радовиш од заштедените средства формиран е фонд наменет исклучиво за финансирање/ко-финансирање на проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина
· Медиумска покриеност (гостувања на локални радио станици и телевизии),
· Добиенa дополнителни финансиска средства (во готовина) од Министерството за труд и социјална политика (32.205 САД$), Општина Радовиш, (22.871 САД$) и Рудник Бучим (2.886 САД$).
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}