Експериментално производство на биодизел во Источна Македонија на земјоделски површини загадени со тешки метали - 2

Експериментално производство на биодизел во Источна Македонија на земјоделски површини загадени со тешки метали - 2



Главна проектна цел: унапредување на животната средина, преку деконтаминација на 20 ха земјоделски површини со засејување на маслодајна репка, од која ќе се произведе биодизел за сопствените трактори на земјоделците. Со користење на биодизелот ќе се намали емисијата на CO2 спрема фосилниот дизел. Главните проектни активности вклучуваа: Деконтаминација на земјоделските површини загадени со тешки метали со селекција и подготовка на земјиштето за сеидба; засејување на земјоделски површини со маслодајна репка; Собирање на приносот (жетва) и негова преработка во биодизел; Проверка на квалитетот на добиеното гориво и испитување на квалитетот на засеаните површини по завршувањето на проектот. Намалување на влијанието врз глобалната клима преку намалување на емисијата на стакленички гасови и намалена потрошувачка на дизел гориво со производство на биодизел како замена на фосилен петролдизел; Подобрување на економската состојба на локалното население, производство на биодизел за сопствени потреби со адаптација на простор и инсталација на опрема за производство на биодизел; производство на биодизел за сопствени потреби на земјоделците и за Општина Пробиштип; промоција на можностите за производство на биодизел на загадено земјиште во регионот и застапување и лобирање за законско и подзаконско регулирање и стимулирање на производството на биодизел.

Извршена сеидба на маслодајна репка на вкупна земјоделска површина од 20,5 хектари. Собран принос од пролетно есенската реколта 2012 од 2460 кг семе маслодајна репка.


Изградена хала од 220 м

2 со потребните инсталации за производство на биодизел: приклучок на електрична енергија, вода, отпадни води, реактор за биодизел, селектор за семе. Направено е почетно запознавање и обука на шест волонтери – практиканти за производство на биодизел од маслодајна репка. Произведени

450 литри биодизел од масло пресувана маслодајна репка и распределено на 9 земјоделци во зависност од количина на произведена маслодајна репка.


Извршени мерења на семе маслодајна репка и добиен Извештај од тестирање за одредување на содржина на макро, микро и елементи во траги во растителен материјал и кој покажа дека има поголеми концентрации на тешки метали во маслодајната репка и дека истата не е препорачлива за добиточна храна. Направено е испитување на квалитетот на почвата и добиен извештај од тестирање за макро, микро и елементи во траги во почва и седименти каде беше посочено дека има присуство на тешки метали со што ремедијацијата на почвата треба да продолжи во повеќе циклуси со паралелно вршење на анализи и испитување во лаборатории за да се следи ефект на деконтаминација.  


Oрганизирани три јавни настани на кои се промовираа проектните активности, проектните резултатите – научените лекции и Семинар за здружување на производители на маслодајна репка во земјоделски стопанство – задруга или ДООЕЛ.


Изработка, печатење и дистрибуција на брошура и промотивен леток за производство на биодизел.


 

Osnovni podatoci za proektot


Земјоделско Здружение МАШИНСКИ КРУГ, Пробиштип

Земјоделско Здружение МАШИНСКИ КРУГ, Пробиштип

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close