Проектот имаше за цел намалување на емисијата на стакленички гасови со користење на биодизел наместо фосилен дизел во земјоделска механизација. При тоа беа планирани следните активности: Подигнување на јавната свест за одлагање на користено растително масло од угостителски објекти, Собирање на користено растително масло (КПМ), Инсталација и производство на миникапацитет за производство на био-дизел во регионот на Виница– Македонска Каменица; Создавање насади на маслодајна репка за идно поголемо производство на биодизел.
Проектни достигнувања
· Отворен е и комплетно инсталиран погон за производство на био-дизел во Македонска Каменица со капацитет од 3000 литри/24 часа суров био-дизел;
· Произведени се 14000 литри био-дизел за четиринаесет месеци, со што е намалена емисијата на CO2 за околу 37660 кг.
· Засадени се 23 ха (+4 ха од минатата година) хектари со маслодајна репка со користење на био-дизел (100%) во земјоделската механизација;
· Собрано е 15000 литри отпадно користено растително масло и склучен долгорочен договор со МекДоналдс Македонија и Студетскиот Дом Кузман Јосифовски Питу за негово континуирано собирање;
· Медиумска промоција за отворениот капацитет на голем број локални и национални печатени и електронски медиуми, како и промоција преку флаер дистрибуиран преку дневниот весник “Дневник” на 29/11/2007 и доставени околу 13 прилози од печатени медиуми.
· Подолгорочно е решен проблем со просториите за производство на био-дизел преку отстапување на простори (бараки) сопственост на ЕВН Македонија кај ХЕК Калиманци
· Преку овој проект започнато е првото организирано производство на био-дизел во Македонија и инсталиран е првиот капацитет за вакво производство. Овој проект е директно спроведен од организации на маргинализирани лица (хендикеп и жени фармерки), и директно влијае на промоција на нивните можности и капацитети и нивно поголелмо социјално вклучување.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}