Велосипеди за сите

Изнајми велосипед

Велосипеди за сите

Изнајми велосипед


Главна проектна цел е намалување на емисиите на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во Скопје преку промовирање на велосипедот како превозно средство. Со цел да се оствари ова, следните активности беа планирани: Да се овозможи достапно изнајмување на велосипеди во Град Скопје со избор на локации за пунктови за изнајмување на велосипеди, набавка на велосипеди, опремување на локациите со соодветна опрема за изнајмување и паркирање на велосипедите, воспоставување на моделот за изнајмување, Да се промовира велосипедот како средство за јавен транспорт преку медиумска кампања за промоција на изнајмување на велосипеди, подготовка и печатење на промотивни материјали (маички, налепници, беџови, постери и летоци), изработка на промотивен видео спот, организирање на настан по повод 22 септември – ден без автомобили нкако и изработка и ажурирање на посебна интернет страница за потребите на проектот.

· Врз основа на Основниот план за користење на велосипеди, беше развиен модел за функционален рент-а-бајк систем; набавени 100 велосипеди прилагодени за градски транспорт,

· Потпишани Меморандуми за соработка со Град Скопје и општините Карпош, како и воспоставена соработка со партнерските организации-Министерството за животна средина и просторно планирање, Британската Амбасада во Скопје, Ј.П. Паркинг Скопје, повеќе невладини организации,

· Три главни рент-а-бајк локации беа воспоставени кои го поврзуваат Центарот на Скопје (плоштад "Македонија") со двете соседни општини: Карпош (одалеченост 2км) и Аеродром (одалеченост 5 километри). Цената за изнајмување е: 10 денари на час, а граѓаните можат да ги земат и да ги вратат на велосипедот во секое од трите пункта.

· Комплетна покриеност на медиумите (дневни печатени медиуми, гостувања на локални радио станици и на национални или локални ТВ станици, како и бројни интернет написи),

· Изработени промотивни материјали: капи, маички, налепници, беџови, летоци, постери, пенкала,  флуресцентни елеци. Изработени web страни на проектот. Изработен видео спот,

· Организиран настан по повод 22 Септември 2009 „Ден без автомобили“.

 

Центар за истражување и информирање за животна средина ЕKO СВЕСТ - Скопје

Еко-Свест (https://ekosvest.com.mk/)

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close