СОНЦЕТО ИЗВОР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: НАМАЛЕНО ИСПУШТАЊЕ НА СО2 – НАМАЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

СОНЦЕТО ИЗВОР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: НАМАЛЕНО ИСПУШТАЊЕ НА СО2 – НАМАЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ



Намалување на климатските промени преку намалена емисија на CO2 преку спроведување на низа мерки за енергетска ефикасност во СОУ. Кочо Рацин, ССОУ. Димитрија Чуповски, ОУ.Ј.Х.К Џинот, ОУ. Благој Кирков, ОУ. Васил Главинов и ОУ. Кирил и Методиј, - сите во Велес. Главни проектни активности: 1, Организирање на практични еколошки активности со поставување на: енергетски ефикасни светилки, повратни механизми за затворање на вратите, мерачи на температура; Креирање на план за заштеда на енергија; Формирање на еколошки фонд во општина Велес преку финансиските заштедите од училиштата, за реализација на практични еколошки проекти во останатите училишта од општината. 2, Едукативни активности со организирање на работилници на тема енергетска ефикасност и заштеда на електрична енергија (13 работилници за ученици и 2 работилници за претставниците од НВО, бизнис секторот, локалната самоуправа, претставници од училиштата и локалната заедница); Печатење на едукативни материјали, Објавување на конкурс за изработка на видео запис на тема енергетска ефикасност. 3, Информирање на заедница со подготовка и печатење на информативен материјал (постер), промоција на проектот преку социјалните мрежи и веќе воспоставената мрежата на еко-училишта, Емисија посветена на обновливи извори на енергија и заштеда на енергија, и споделување и промоција на трите прво наградени видео записи за енергетска ефикасност.

· Врз основа на извештајот за оценката на состојбата со објектите превземени низа на енергетско-ефикасни мерки (поставени 371 енергетски ефикасни сијалици, 7 автоматски затворачи на врата и 18 дигитални термометри); Креирани планови за заштеда на енергија во образовните центри врз основа на  еко-стандард за заштеда на енергија;

· Спроведени работилници на теми енергетска ефикасност и заштеда на електрична енергија (15 работилници со вклучени 300 ученици од 7 основни и 4 средни училишта; 2 работилници за претставниците од НВО, бизнис секторот, локалната самоуправа, училиштата и пошироката заедница);

· Подготовка, публикување и дистрибуција на материјали (постер со тираж 200 копии и публикација со тираж од 500 копии) со едукативна содржина за енергетска ефикасност на македонски и албански јазик;

· Распишан конкурс за видео запис на темата енергетска ефикасност, на кој учество земаа 55 образовни институции со  55 видеа. Избрани, наградени  и промовирани, три најдобри видеа;

· Промоција на проектот преку социјалните мрежи и мрежата на еко-училишта; организиран настан со присуство на 100 гости (претставници од ОХО, општина Велес, родители и наставници и ученици 5 основни и 2 средни училишта); реализирани две емисии ТВ Телма и ТВ Алсат, на македонски и албански јазик на темата енергетска ефикасност.

· Намалување на испуштањето на стакленички гасови за најмалку 17,46 тони во рамките на проектните објекти во Општина Велес;


Општи информации за проектот

 

Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, Скопје

GEF

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close