Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ се стреми да ги мобилизира граѓаните, заедниците во земјата преку нивна едукација за она што значат климатските промени, нивните последици, меѓутоа и како секој од нас влијае врз климатските промени, што може секој од нас да направи за да ги ублажи нивните последици и како да ги пренесеме овие информации во нашите заедници со цел да предизвикаме промена.
Во свет кој се загрева со вртоглава брзина, последиците од климатските промени стануваат се повидливи и невозможни да се игнорираат. Климатските промени влијаат на нашето секојдневие, влијаат на нашето здравје, влијаат на нашата храна и ја загрозуваат безбедноста на нашите домови. Кога иднината на нашите заедници станува несигурна гледаме кон нашите политички лидери за да превземат акција.
Меѓутоа, политиката речиси секогаш се движи премногу бавно, а климатските промени се појава која се случува во моментов и потребна е брза амбициозна акција за да ги ублажиме нивните последици. Во вакви услови потребно е активно вклучување на граѓаните, заедниците кои будно ќе следат што се случува и ќе бараат од своите политички лидери да ги менуваат политиките во насока на ублажување на климатските промени, намалување на нивните последици врз заедниците и обезбедување на сигурна иднина.
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ се стреми да ги мобилизира граѓаните, заедниците во земјата преку нивна едукација за она што значат климатските промени, нивните последици, меѓутоа и како секој од нас влијае врз климатските промени, што може секој од нас да направи за да ги ублажи нивните последици и како да ги пренесеме овие информации во нашите заедници со цел да предизвикаме промена. Граѓанските организации се нашиот глас пред политичките лидери и токму затоа овој проект се стреми да ги зајакне и обедини граѓанските организации од земјата во насока на зголемување на нивното учество во креирањето амбициозни политики за ублажување на климатските промени.
Како земја во развој која нема доволно финансиски средства да се справи со последиците од климатските промени ние сметаме дека потребно е меѓусебно слушање и активна соработка помеѓу граѓаните, граѓанскиот сектор, приватниот сектор, институциите и политичките лидери во насока на амбициозна акција за ублажување на климатските промени во нашата земја.
Крајна цел на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е да создаде национална коалиција за клима чии членки ќе бидат силни и добро информирани граѓански организации способни да ги пренесат пораките од своите заедници до политичките лидери.
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го спроведуваат Еко-свест, CNVP и ДЕМ и сите тековни активности можете да ги следите и да се информирате за климатските промени со #ДаЗборувамеЗаКлима на социјалните мрежи или да ни пишете на elena@ekosvest.com.mk.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}