ИКЕА ги презентираше сознанијата од истражувањето за однесувањето на потрошувачите и климатските акции во рамки на COP 24

Вести на ОН за климатските промени


Во рамки на 24-та годишна конференција на ОН за климатски промени (COP 24) што се одржува во Катовице (2–14 декември), светски познатата компанија за изработка на мебел ИКЕА презентираше идеи кои треба да да ги инспирираат и да им овозможат на луѓето да живеат во рамки на границите кои нашата планета може да ги поднесе, како и да преземаат климатски акции за позелен и почист свет.

Една неодамнешна студија изработена од „ГлоубСкен“ по нарачка на Групацијата Ингка – најголемиот носител на франшиза на ИКЕА со 367 продажни салони на 30 различни пазари во светот – покажа дека скоро 90% од вкупно 14.000 испитаници би биле подготвени да ги променат своите лични навики за да помогнат во справувањето со климатските промени. Поточно, тие би сториле повеќе доколку би знаеле како да постапат, доколку би имале повеќе поддршка во преземањето на таквите активности и доколку би виделе јасна врска меѓу личните постапки и заштитата на животната средина.
Преку создавање навики за одржлива потрошувачка, поединецот може директно да придонесе за спроведувањето на Договорот од Париз за климатски промени, чија цел е глобалното зголемување на температурите во овој век да не биде поголемо од 2 степени Целзиусови како и да се вложат напори зголемувањето на температурите да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови.
Студијата насловена „Климатската акција започнува од домот“ вклучува препораки за започнување на поголема климатска акција во домот и содржи насоки за ефективна комуникација за климатските промени, коишто може да ги користат компаниите, креаторите на политики, активистите и медиумите.
 
Еден таков конкретен пример ќе биде прикажан во Катовице во рамки на ЦОП24: Во соработка со градот Катовице и со други партнери, ИКЕА организира училиштен натпревар под мотото „Климатската акција започнува од училиштето“. Целта е да се поттикнат учениците од локалните основни и средни училишта, нивните родители и наставниците, да работат заедно на преземање климатска акција и промовирање на циркуларната економија. Петте финалисти ќе бидат објавени на Денот на едукација во рамки на COP 24 (13 декември), каде победничките училишта ќе ги претстават своите проекти.

Како ИКЕА ги спроведува на дело своите заложби за одржливост и климатска акција
ИКЕА сака одржливото живеење да биде посакуван избор, којшто е финансиски достапен, привлечен и достижен за што е можно поголем број луѓе. Таа се справува со климатските промени на сите нивоа од своето работење. Како дел од своите заложби да стане климатски позитивна до 2030 година, и тоа да го пренесе и надвор од своите граници, ИКЕА планира да работи со своите добавувачи, кои се над 1.000 на број, за тие целосно да ги префрлат своите фабрики на 100% обновлива енергија, како и да работи на задоволување на потребата од значителна иновација со цел сите производи што ги продава да бидат уште од самиот почеток дизајнирани и изработени на тој начин што ќе се овозможи нивна пренамена, поправка, повторна употреба, препродажба и рециклирање, како и да обезбеди циркуларни услуги за поддршка на овие процеси.
„Уделот на материјалите, производството и употребата на производите во климатскиот отпечаток на ИКЕА е повеќе од половина. Од клучно значење е да се изврши трансформација кон користење обновлива енергија, како и рециклирани и обновливи материјали“, изјави Андреас Аренс, Раководител за климатски прашања на Групацијата Интер ИКЕА, сопственик на Концептот ИКЕА и давател на франшизата на ИКЕА во светски рамки.
Од 2015 година, во рамки на својата палета на производи за осветлување, ИКЕА продава исклучиво ЛЕД светилки, коишто трошат до 85% помалку енергија од светилките со вжарено влакно, со што драстично се намалува потрошувачката на електрична енергија. Покрај тоа, Групацијата Ингка планира до 2025 година да постигне ниво од нула емисии при испорака до домот, како и да користи 100% обновлива електрична енергија за греење и ладење.
ИКЕА си ги има поставено следниве клучни цели преку кои ќе даде придонес во исполнувањето на целите утврдени со Парискиот договор:
•    До 2030 година, намалување на апсолутните емисии на ИКЕА за 15% (во споредба со 2016 година) – што значи во просек намалување од 70% по производ, ако се земе предвид очекуваниот раст на компанијата.
•    До 2030 година, намалување на апсолутните емисии на стакленички гасови од производство за 80% во споредба со 2016 година.
Групацијата Ингка постави научно засновани цели за поддршка на трансформацијата:
•    Намалување на емисиите од продажните салони и од останатите активности за 80% во апсолутна вредност до 2030 година.
•    Намалување на емисиите од патувањето на потрошувачите и соработниците и од испораките до потрошувачите за 50% во релативна вредност до 2030 година.
Групацијата Ингка се стреми до 2020 година да создава повеќе обновлива енергија отколку што троши. Во 2017 година, таа создаде обновлива енергија во количество еднакво на 73% од енергијата потрошена во текот на таа година, и тоа преку 441 ветерна турбина и 750.000 соларни панели врз своите објекти секаде низ светот.
ИКЕА во моментов продава соларни панели за во домот на шест пазари во светот – Обединетото Кралство, Швајцарија, Холандија, Полска, Белгија и Германија – и планира да ги прошири своите услуги за чиста енергија на тој начин што ќе ги направи достапни за своите потрошувачи во сите 30 пазари на Групацијата Ингка до 2025 година.
„Ние сме решени да создаваме обновлива енергија повеќе отколку што трошиме, и да трошиме само обновлива електрична енергија за греење и ладење во нашите објекти на ефикасен начин. Истовремено, сакаме да допреме и подалеку од нашите објекти на тој начин што ќе овозможиме голем број луѓе да ни се придружат со преземање климатска акција во домот. И тоа со создавање поевтина сопствена енергија со „Home Solar“, заштеда на енергија со ефикасни решенија и избирање производи кои се подобри за планетата“, вели Карол Гобчински, Раководител за климатски прашања и енергија на Групацијата Ингка.
Настани на ИКЕА во рамки на COP 24
Оваа година, ИКЕА ќе соработува со Страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) и со Министерството за животна средина на Полска во рамките на COP 24 – за да го продолжи својот ангажман во рамки на важната тема – Климатска акција. Во текот на двете недели додека се одржува COP 24 (2-14 декември 2018 година), Групацијата Ингка заедно со синџирот за малопродажба на ИКЕА во Полска и Групацијата Интер ИКЕА ќе учествуваат во дискусии на споредни настани. Синџирот за малопродажба на ИКЕА во Полска, исто така, има планирано и активности за вклучување на локалната заедница и соработниците во Полска.
Главни настани:
Климатски филмски фестивал на ИКЕА во Катовице – За време на конференцијата, Синџирот за малопродажба на ИКЕА во Полска, заедно со неговите партнери, ќе биде домаќин на Климатскиот филмски фестивал што ќе се одржи во Катовице од 7–9 декември. Целта е да се дадат инспирација и можности на голем број луѓе и да се покренат идеи за климатска акција во нивните домови и во опкружувањето. На затворањето на филмскиот фестивал, што ќе се случи во недела на 9 декември, ќе бидат поканети бројни глобални и локални засегнати страни, како и медиуми.
Повеќе информации може да се најдат овде: https://klimatycznyfestiwal.pl/en/

Климатската акција започнува во училиштето – Заедно со партнерите, синџирот за малопродажба на ИКЕА во Полска организираше натпревар чија цел е да се поттикнат учениците од основните и средните училишта, нивните родители и наставниците, да работат заедно на преземање климатски акции и циркуларна економија. Училиштето кое ќе победи ќе добие соларна инсталација од ИКЕА „Home Solar“, што ќе му овозможи да си произведува сопствена чиста енергија во годините што следат. Петте финалисти ќе бидат објавени во рамки на Конференцијата (COP 24), во четврток, на 13 декември.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close