Поранешната југословенска Република Македонија станува првата Договорна страна која ја поддржува Коалицијата за високо амбиција во глобалните преговори за климата. Веста е преземена од веб-страницата на Енергетстата заедница (Energy Community)
Вчера, Република Македонија ја поддржа Коалицијата за висока амбиција, потпишувајќи се на "Изјавата за засилување на климатската амбиција". Инструментот ги спојува развиените земји и земјите во развој кои го делат највисокото ниво на амбиција во меѓународните разговори за климата. Изјавата беше усвоена од страна на Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање на Македонија. Секретаријатот силно ја поддржува поранешната југословенска Република Македонија во климатските амбиции.
Коалицијата за високо амбиција (HAC) ги вклучува и развиените и земјите во развој кои го делат највисокото ниво на амбиција во меѓународните разговори за климата. Првично беше формирана на #COP21 и беше значајна за постигнување на Парискиот договор. Поддржувачите на иницијативата се: Европската комисија, Австрија, Канада, Франција, Шпанија, Данска, Костарика, Аргентина, Колумбија, Етиопија, Фиџи, Финска, Германија, Гранада, Италија, Јамајка, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Санта Лучија, Шведска, Велика Британија, а сега и поранешна Југословенска Република Македонија.
Оргиналниот текст можете да го најдете на следниот линк
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}