Според обврската што произлезе од Парискиот договор, Република Македонија се заложи драматично да ги намали емисиите на стакленички гасови.
Со оглед на тоа што во Македонија најголем дел од електричната енергија се добива од јаглен, фокусот паѓа на зголемување на енергетската ефикасност. Последниот извештај на ОН е недвосмислен: имаме само 12 години за да ги спречиме катастрофалните климатски промени, додека, во глобални рамки, се очекува емисиите на стакленички гасови да достигнат максимум во рок од околу една година.
Но, исто како што приказните за кризата не алармираат, приказните за акција фрлаат светлина на сегашноста. Ограничувањето на емисиите се зголемува и бара итно зајакнување, додека мерките за прилагодување можат да направат огромна разлика во заштитата на луѓето и инфраструктурата.
Овде може да погледнете како земјите во Евроазија се обидуваат да ги интегрираат климатските ризици во нивните планови за развој.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}