Во Берлин промовиран напредокот на Македонија во вклучување на родовиот аспект во климатските промени

Работилница за зајакнување на капацитетите за транспарентност за климатски промени


Република Македонија учествува на техничка работилница која има за цел да ги зајакне капацитетите за транспарентност за климатски промени во рамките на Договорот од Париз, преку презентирање на клучните цели на ниво на држави, идентификување на заеднички пристапи кон постојните предизвици и презентирање на поддршката со разни финансиски механизми и други иницијативи за подобрување на координацијата меѓу бројните заинтересирани страни.

Република Македонија ја претставува национално одговорното лице кон Конвенцијата на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ), д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска. Интересен е факот дека на оваа работилница д-р Грнчаровска е поканета  да ги презентира и искуствата за климатски промени, родова еднаквост и транспарентност на национално и регионално ниво. Вклучување на родовиот аспект во проблематкита за климатски промени по препорака на УНФЦЦЦ е дел од Програмата за работа на ОН за климатски промени и Програмата за работа на Лима од Лима во кои се охрабруваат земјите да ги интегрираат родовите прашања во специфични области на работа на Конвенцијата - Национални комуникации, двогодишните извештаи, Националите проограми за адаптација и најдоцна до следниот СОР да се донесе одлука за воспоставување на Акционен план за родова еднаквост.

Бидејќи  Македонија е препозната  како водечка и најнапредна  од  државите во развој на Балканот во оваа проблематика, д-р Грнчаровска го презентираше македонското искуства во вклучување на родовиот аспект во климатските промени, Националниот Акциски план, но и  Регионалниот Акциски план (за Балканот).

Авангардно е што Македонија која во вклучувањето на овој аспект во климатските промени тргна речиси од нула соочувајќи се со многу предизвици, преку континуирана работа во рамките на изработка на националните планови и двогодишните извештаи за климатски промени  успеа да креира еден убав акциски план за родовата димензија на климатските промени. Во него енергетиката, транспортот, водните ресурси, управувањето со ризици и туризамот се идентификувани како  приоритетни сектори во кои таа треба да се примени.

На работилницата учествуваат околу 70 учесници од 40 држави.

Презентација (англиска верзија)

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close