СОР28 ќе даде преглед на реализирани активности, јасен патоказ за праведна енергетска транзиција и финансирање на климатски цели

БРИФИНГ ЗА НОВИНАРИ


Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со својот долгогодишен партнер УНДП,организираше брифинг за новинари на кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ги презентираа очекувањата и позициите на државата за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември ќе се одржува во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

а што е од особена важност за оваа Конференција е успешното завршување на првиот глобален преглед кој треба да даде насоки за следните циклуси на преглед на националните придонеси за Договорот од Париз и финансирање на активностите за постигнување на целите за намалени емисии на стакленички гасови и подобрување на отпорноста.

Четирите столба од Акциската агенда на Претседателството COP28 се брзо следење на енергетската транзиција, фиксирање на финансирањето на климата, фокусирање на луѓето, животите и средствата за живот и поткрепување на сè со целосна инклузивност.


„Тоа што го правиме како држава е, што покажуваме со сопствениот пример дека имањето визија и амбициозните долгорочни и среднорочни цели се неопходни, а нивната реализација е остварлива со заедничко и партнерско дејствување“ информираше министерката Шукова давајќи преглед на главните позиции и очекувања на државата. Таа потенцираше дека од претстојната Конференција се очекува поставување јасна цел за адаптација, бидејќи влијанието на климатските промени врз луѓето и животната средина е евидентно и научно докажано, и во таа насока се очекува и операционализација на фондот за загуби и штети за што веќе се најавени конкретни локации од ЕУ и другите развиени земји.

За инвестициската рамка за праведна енергетската транзиција која ќе биде презентирана во рамките на COP28, на 3 декември 2023 година информираше министерот за економија Крешник Бектеши кој изјави: „Работиме на воспоставување на Инвестициска платформа за праведна енергетска транзиција, која е во согласност со националните стратешки документи и има за цел да ги здружи нашите меѓународни партнери за поддршка на процесот на енергетска транзиција и мобилизирање на средства. Веруваме дека Платформата ќе ги покаже нашите јасни амбиции и намери за декарбонизација на економијата и ќе ја привлече потребната поддршка“. Бектеши најави дека веќе почнуваме да ги добиваме позитивните сигнали од таа активност и како пример ја наведе  поддршката од Климатскиот инвестициски фонд.

За реализација на овие процеси според Бектеши потребна е соработка, а веќе е евидентна подготвеноста на нашите партнери да ги поддржат целите на Инвестициската платформа и да ги поканат другите да ни се придружат на процесот.


„Мерките за адаптација спроведени во здравствениот сектор вклучуваат имплементација на енергетска ефикасност во здравствените установи, изминативе неколку години реновирани се околу 50 здравствени установи“ додадавајќи дека мерките за ублажување на климатските промени вклучуваат примена на природен гас и исклучување на мазутот за потребите на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, Болницата „8 Септември“, УК „Св. Наум Охридски“, ГАК Чаир во 2020 година и сите поголеми болници во Скопје, како и поставување на сончеви панели во Клиничката Болница во Штип и Болницата во Гостивар со поддршка на СЗО“ рече Меџити.

На брифингот зборуваше и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации Армен Григоријан кој истакна „Климатските промени не се предизвик со кој можат државите да се соочат самостојно и надвор од глобалниот контекст. Климатските промени не познаваат граници. Затоа е неопходен интегриран, заеднички пристап на сите чинители. Како што беше случај во минатите 20 години, Програмата за развој на Обединетите Нации, ќе продолжи силно да ги поддржува чекорите кои ги преземаат владата и надлежните министерства за справување со овој предизвик“.  УНДП е дводецениски партнер на државата во овие процеси, особено во изработка на националните документи што се обврска според Рамковната Конвенција за климатски промени на Обединетите Нации и Договорот Париз во областа климатски промени.  

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close