Важноста на пристапноста до информации за климатските промени за лицата со попреченост

За да се подготвиме за иднината потребно е да сфатиме како се менува климата.
  • {{"article.by"|translate}}
  • {{"article.posted"|translate}} 11-08-2022

Важноста на пристапноста до информации за климатските промени за лицата со попреченост

За да се подготвиме за иднината потребно е да сфатиме како се менува климата.


Еден од најголемите предизвици во врска со климатските промени е нивната неопипливост. Едноставно опсегот на промените е преголем за да се разбере, а најголемиот дел од забележливите влијанија се сѐ уште далеку од нашите секојдневни животи.

Најдобар начин да се смени свесноста за климатските промени на ниво на заедница е преку фокусирање на локални и регионални влијанија. Потребно е да се подигне јавната свест со цел да се предизвика одредена промена во однесувањето, да се стимулира себе-мобилизација и акција.

Правото на пристап до информации во Република Северна Македонија е регулирано со член 16 од Уставот, а со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се обврзуваат сите иматели на информации да ја информираат јавноста на соодветен начин. Секоја јавна информација треба да биде овозможена за пристап од страна на сите лица, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, со што ќе им се обезбеди правото за осознавање, слобода за изразување и мислење, стекнување идеи, а со тоа и земање на активно учество во општествени акции. Конвенцијата на Обединети Нации за правата на лицата со попреченост е ратификувана од страна на Собранието уште во 2011 година. Главната цел на Конвенцијата е токму унапредувањето, заштитата и обезбедувањето на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и слободи на лицата со попреченост, независен живот и учествување во сите аспекти на животот.

Имајќи предвид дека лицата со попреченост сочинуваат приближно до 10% од нашата популација, потребно е сите овие информации поврзани со климатските промени да бидат презентирани во формат кој ќе биде пристапен за нив.

За обезбедување на достапност до информации во форма соодветна за лицата со попреченост, имателите на информации треба да развијат механизми кои ќе ги опфатат препораките на WCAG 2.1 стандардот за презентирање на веб-содржините на начин кој ќе овозможи полесно пренесување на содржините за луѓе кои имаат форма на попреченост.

За таа цел, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Филозофскиот факултет овозможија националната платформа за климатски промени www.klimatskipromeni.mk да стане прв јавен портал “видлив” и “читлив” за сите жители. Во блиска соработка со лица со попреченост, се изготвија алатки за трансформација на веб-содржините за климатските промени во форма достапна за лица со дислексија, глуви и наглуви лица, и лица со слаб и оштетен вид.


Слика 1. Преглед на интерфејсот за достапност на содржини

Една од промените која се воведе со цел поголема информираност на лицата со дислексија е користење на специјални фонтови кои го олеснуваат читањето. Првиот кирилски фонт – DyslexicFZF во нашата земја беше креиран од страна на ИКТ комисијата при Филозофскиот факултет, УКИМ. Овој фонт е од отворен карактер и е бесплатен за користење. Истражувањата покажуваат дека со користењето на овој фонт се зголемува брзината и флуентноста при читањето со истовремено намалување на бројот на направени грешки од страна на лицата со дислексија. Со интегрирање на фонтот на страницата за климатски промени, секој текст ќе биде трансформиран во форма која ќе го олесни информирање на лицата со дислексија. Уште повеќе, фонтот доаѓа со палета со бои, карактеристични за подобрување на контрастот кои повторно го олеснуваат читањето за одредена група на лица со дислексија. Покрај кирилски фонт, достапен е и латиничен фонт за претставување на содржините на англиски јазик.


Слика 2. Фонтот за дислексија наменет за кирилични букви овозможува промена на карактеристиките на буквите кои го олеснуваат читањето на содржината кај лица со дислексија

Втората голема промена која е од исклучителна важност за лицата со оштетен слух. Лицата со оштетен слух се дел од секојдневието и се изложени на сите промени во современиот живот, се соочуваат со предизвиците, но секогаш тоа доаѓа задоцнето или во поинаков формат поради основниот проблем – бариера во комуникацијата или недостиг на информација во соодветна форма.

Комуникацијата  и пласирањето на информации кои се од суштинско значење може да бидат во различен формат: пишан, говорен, сликовит, итн. Но, во суштина глувите лица таквите информативни канали и пласирани информации ги доживуваат како “ странски јазик“ бидејќи за секое глуво лице мајчин јазик и природно средство на восприемање на информации е знаковниот јазик. Знаковниот јазик не е дополнително или помошно средство за надминување на бариера,  туку напротив знаковниот јазик е лингвистичко право на секое глуво лице.  Денес во современиот свет знаковните јазици имаат рамноправен третман со сите говорни јазици токму поради своите одлики и структурни карактеристики на еден јазик и вклучително сопствена специфична граматика, морфолошко-синтаксичка структура и лексика со сите особености на еден јазик. Знаковниот јазик не е помагало – движење на рацете во воздух, туку е културолошки идентитетски белег на глувите лица, тука и насекаде во светот.


Слика 3. Знаковниот јазик потпомага содржината на страницата да биде достапна за глувонеми лица

Во таа насока, кога некоја јавна или општа институција треба да покаже еднаков третман и го уважува правото на информираност се гледа во односот кон глувите лица и дали и колку е застапен знаковниот јазик во својата општествена дејност и влијание. Колку и како е присутен знаковниот јазик во одредена информација претставува огледало на информаторот и неговата почит кон различноста особено кон глувите лица и нивната природа и потреба од знаковен јазик. За таа цел, голем дел од содржините на страницата на климатските промени беа соодветно трансформирани во знаковен јазик и тоа со вклучување на лице чиј мајчин јазик е токму знаковниот јазик.

Третата голема промена се однесува на потребите на слабовидните и слепите лица. Единствениот начин за пренесување на веб-содржините за климатските промени е преку звучна репрезентација на содржините и звучна навигација низ веб-страницата. Тим од истражувачи на ФИНКИ се погрижија за изработката на првиот македонски налик човек синтетизатор на говор кој е интегриран како сервис на страницата на климатските промени.  Со помош на овој преведувач на текст-во-говор, слабовидните и слепите лица ќе може да се насочуваат низ веб-страницата и да ја слушнат секоја нова содржина на природен начин. Оваа алатка е достапна на македонски и на англиски јазик.


Слика 4. Гласовниот асистент овозможува гласовно читање на информациите на страницата со користење на напреден метод за синтеза на говор базиран на Вештачка интелигенција.

Оваа иницијатива е само почеток на една ера на трансформации преку кои УНДП и МЖСПП ќе ја поткренат општествената одговорност и ќе бидат пример за вистинско спроведување на основното Уставно право за пристап до информации. Соработката со овие истражувачи ќе продолжи и понатаму и тоа не само во насока на развивање на механизми за пренесување на информации до лицата со попреченост, туку и на механизми за восприемање на информациите од овие лица и нивно активно вклучување во акциите на климатските промени.

Костадин Мишев, Ph.D. кандидат, работи како асистент на Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Во својата досегашна кариера има учествувано во бројни софтверски и истражувачки проекти. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено над 30 научни трудови како автор и коавтор. Активно работи во областа на Mашинско учење и Учење на репрезентација и нивната примена во полето на Обработка на природни јазици и Говорни технологии.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close