Како ќе влијаат климатските мерки во земјоделството и шумарството на одржливиот развој?

Како ќе влијаат климатските мерки во земјоделството и шумарството на одржливиот развој?



Во текот на месец октомври 2021, како продолжување на истражувањето за врските меѓу мерките за ублажување климатски промени во секторите земјоделство и шумарство на една страна и Целите за одржлив развој на друга страна, се консултираа национални експерти преку прашалници.

Експертите дадоа мислење за релевантноста на 63 врски идентификувани во научна литература во нашиот национален контекст односно земајќи ги предвид десетте секторски политики и мерки  од Националниот придонес кон Парискиот договор (2021).  Поточно, во научната литература се идентификувани 26 позитивни врски (синергии) во секторот земјоделство и 37 врски од кои 32 позитивни (синергии) во секторот шумарство. Овој пристап, таканаречен Q-SCAN, е метод за соработка со чинители и систематско одмерување на јачината на врските.

На Слика 1 може да се видат резултатите за секторот шумарство. Во научната литература се идентификувани 32 синергии и 5 компромиси, па така не е изненадување што сликата исто така отсликува значајно повеќе синергии (со зелена боја) отколку компромиси (со портокалова боја). Грубиот заклучок што може да се извлече е дека политиките и мерките предвидени во националниот придонес ќе имаат поголемо позитивно отколку негативно влијание врз Целите за одржлив развој. Но, битно е да се потенцира дека националните експерти проценија дека скоро сите врски се од средна или ниска важност. Еден исклучок на ова е синергијата со Цел 6: Чиста вода и санитација преку конзервација, реставрација и одржливо управување со водните екосистеми, која експертите ја проценија како врска од висока важност во нашиот национален контекст. Сепак, тие предупредија дека добри резултати се постигнуваат со правилен избор на алохтони видови и дека постоечките мерки треба да се прошират за да опфатат означување на сите поважни извори на вода за пиење и да се направи план за управување на шумите околу тие извори за да се придонесе повеќе за оваа цел.

Понатаму, најмногу потенцијални синергии има со Цел 15: Живот на копно каде експертите проценуваат дека предложените мерки придонесуваат за заштита на биодиверзитет преку, на пример, заштита од ерозија или одржлива сеча на шуми што го зачувува живеалиштето на многу видови. Покрај тоа, имаше и коментари дека и после пожар може да се зголеми биодиверзитетот и дека треба повеќе да се направи за да се намали ерозијата на пример преку комбинација од мерки со ECo_DRR и NbS пристап.  Од друга страна, најзначајни компромиси, проценети со средна важност, се со Цел 2: Свет без глад и Цел 10: Намалена нееднаквост. Конкретно, експертите потенцираат дека иако предложените мерки се однесуваат на заштита на шумите има законски пречки до пристап на одредени ресурси и на тој начин се оневозможува свет без глад или пак предизвикуваат луѓето да се откажат од активностите во шума и на тој начин придонесуваат за социоекономска нееднаквост.

Имаше делумно несогласување меѓу експертите во однос на влијанието врз Цел 8: Достоинствена работа и економски раст. Додека некои тврдат дека мерките нема да создадат голем број трајни нови работни места и дека последователниот економски раст е незначителен, други велат дека воспоставувањето на заштитени шумски подрачја е специфична мерка која креира нови вработувања. Како еден пример се зема Водно, каде од 1924 се пошумени над 1000ха голини што овозможило да стане значајно рекреативно подрачје подложно на комерцијализација. Истиот тој пример се користи за да се оправдаат врските со Цел 11: Одржливи градови и заедници. Имено, во минатото имало огромни поројни поплави со многу наноси и жртви, а Водно фигурира како заштита на Скопје од вакви катастрофи. Симулациите/моделите направени за Скопје без пошумено Водно се загрижувачки, што е дополнителен аргумент за понатамошно пошумување на територијата на државата.

 

Слика 2 е одраз на резултатите од секторот земјоделство. Во научната литература беа идентификувани само позитивни врски односно синергии. Па затоа, резултатите се дека политиките и мерките од националниот придонес ќе имаат позитивно влијание врз Целите за одржлив развој и нема потенцијални компромиси со истите во секторот земјоделство. Слично како секторот шумарство, најзначајните синергии се со Цел 15: Живот на копно најмногу заради подобрено наводнување и намалена деградација на почва. Експертите проценија дека тоа значително ќе влијае врз заштита на екосистемите од деградација преку поефикасна употреба на вода при наводнување и заштита на земјиштето од ерозија.

Потоа, експертите проценија дека предложените мерки исто така позитивно ќе влијаат врз економијата, односно Цел 8: Достоинствена работа и економски раст, бидејќи ќе ја зголемат ефикасноста на производството преку подобрена употреба на ѓубриво и наводнување. Понатаму, значителна е врската со Цел 6: Чиста вода и санитација заради тоа што мерките предвидуваат намалена употреба на вода преку ефикасни системи за наводнување. Како значајни се издвоија и врските со Цел 2: Свет без глад бидејќи мерките би ги намалиле загубите преку соодветна агро-техника за време на производство и особено со добри практики после жетва и берба. Исто така, имаше коментар дека во однос на оваа цел најважно е сите агротехнички мерки да се базираат врз точни анализи за потребата на почвата и културата, да се аплицираат навремено и соодветно, со што ќе се оптимизираат трошоците и ќе се зголемат приносите, а со тоа и вкупната продуктивност.

Исто така, значителна е врската во Цел 12: Одговорно користење на ресурсите бидејќи земјата се соочува со огромен отпад на храна. Експертите коментираа дека често на медиумите се забележуваат езера од јаболка или реки со кромид, па така мерките претставуваат голем потенцијал за зголемување на одржливост на производството. За крај, многу од мерките во литературата се однесуваат на агро-шумарството, кое не е релевантно во нашиот национален контекст бидејќи не е опфатено во нашите политики и мерки.

Ема Гушева

Како магистер со почести на Европската програма за моделирање на системска динамика во 2020 при Универзитетот во Берген, Универзитетот Радбауд и Универзитет во Палермо; Ема Гушева има искуство во развој на интердисциплинарни математички модели и компјутерски симулации на социоекономски системи.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close